Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Организациите за човекови права на Македонците го осудуваат т.н. „Договор за добрососедство" помеѓу Македонија и Бугарија

29 јули, 2017

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Macedonia Изразувајќи ја својата принципиелна поддршка за добрососедството, унапредувањето на односите, евроинтеграцијата на Македонија, ние не можеме а да не ја осудиме содржината ан овој договор кој позади сите убави фрази е реално насочен против горенаведените вредности.

- Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е нерамноправен, ги задоволува повеќе бугарските националистички аспирации отколку македонските национални интереси. Тој ги поставува под прашање сувереноста на Р Македонија и слободите на делови од нејзините граѓани и го урива нејзиниот авторитет како независна и полноправна држава. Добрососедство може да се гради само на рамноправна основа и со добра волја, а не преку уцена, понижување и злоупотреба на позицијата.

- Со овој договор Република Македонија направи уште еден чекор кон откажување од македонското малцинство во Бугарија. Поранешното декларативно откажување сега станува дел и од договорот за „добрососедство“. Тоа е логичен срамен исчекор по 25 годишното нарушување на Уставот од страна на владите на Р Македонија, кои целосно и доследно ја запоставуваа својата уставна обврска да се грижат за македонските малцинства во соседните земји и особено во Бугарија и Грција. Поради оваа причина договорот е и антиуставен!

- Со овој договор Македонија, според бугарското разбирање на работите, се обврзува дека не само што нема да се застапува за македонското малцинство и да ги поддржува неговите организации во Бугарија (чл. 11, 5), нешто што таа реално и го нема правено досега, но исто така нема да дозволи било какви дејствија на таквите организации на своја територија ниту дејствија на свои граѓани на македонска територија кои би ги подржале таквите организации (чл. 11, 2), а ниту медиумско покривање на дејноста и проблемите на македонските организации и малцинство во Бугарија (чл. 11, 6).

- Создава механизми преку кои Бугарија да ја условува и уценува Македонија во процесот на нејзината евроинтеграција (чл. 8 и чл. 12). Се создаваат можности Бугарија да бара интервенција во независноста на научните истражувања и слободите на медиумите и да наметнува редефинирање на поими како говор на омраза во смисла на секој став кој ја поддржува македонската национална посебност. Дека имено таква е и намерата на Бугарија, сведочат изјавите на нејзините официјални лица дека договорот е само прв чекор, а не финално решение, како што наивно се обидуваат да го протолкуваат некои наивни политичари во Скопје.

- Користената терминологија: „двете држави и нивните народи“, „македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија“, „општа историја“ ја релативизира македонската нација. Било какви општи прослави во услови на отворено негирање на македонската нација и идентитет од бугарска страна, ќе служат за задоволување на таквите негаторски ставови, а не за надминување на недоразбирањата.

- Со договорот се врши беспрецедентно мешање на политиката во историјата се формираат политички тела кои ќе толкуваат историја и ќе реферираат пред владите. Напоменуваме дека историјата е наука и дека е недозволиво било какво мешање на политичарите во неа. Ова е само уште еден инструмент за уцена преку кој Бугарија ќе настојува да го претвори прифаќањето на бугарското толкување на историјата во Македонија како услов за добивање на европско членство и сето тоа под превезот на „добрососедството“.

- Поради тоа сметаме дека договорот е неприфатлив, навредлив за Македонија и македонскиот народ, непринципиелен, срамен за двете земји потписнички и дека спротивно на очекувањата на потписниците тој нема да допринесе за добрососедството а само ќе ја зголеми недовербата и ќе создаде вистинска омраза против Бугарија на местото на имагинарната таква од која сега се жали Софија.

- Ниту македонското малцинство во Бугарија, ниту македонската дијаспора, а верени сме ниту македонската нација генерално, не се чувствуваат на било кој начин обврзани со нерамноправните клаузули во овој договор, ќе дадат отпор на секој обид да им се ускратат човековите слободи и ќе ја продолжат својата борба за достоинство права и правда и против секој обид истата да се спречи било да доаѓа од Софија, било од Скопје.

ОМО „Илинден“ - ПИРИН
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
Австралиско-Македонски Комитет за Човекови Права
Македонска Алијанса за Европска Интеграција




 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting