Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Хјуман Рајтс Воч одбива да ги идентификува преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонија

21 јануари, 2017

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Human Rights Watch И покрај барањата од Македонското меѓународно движење за човекови права до Хјуман Рајтс Воч, која важи за една од најголемите и највлијателни организации за човекови права во светот, да ги осуди од Обединетите Нации спонзорираните преговори за името со цел да се смени името на Македонија, оваа организација го одби тоа. Бенџамин Ворд, заменик директор на Дивизијата на ХРВ за Европа и Централна Азија како причина го наведе следново: „Ја разбирам вашата загриженост во врска со прашањето за името, но бидејќи тој проблем, кој што е всушност меѓудржавен спор, може да биде поврзан со последиците за човекови права кои што имаат влијание врз македонското малцинство во Грција (или на било кое друго место), не е според нас прашање поврзано со човекови права, бидејќи државите не се тие што имаат човекови права.“

Името на државата е во директна корелација со тоа како се нарекува народот. Претседателот на ММДЧП Бил Николов го објаснува тоа: „Причината што Грција се спротивставува на името на Македонија е заради негирање на постоењето на македонскиот народ во целина, како и прогонување на македонското малцинство во Грција. Тие не сакаат некој тие луѓе да ги знае како Македонци, па името на државата директно влијае врз основните човекови права (и име) на целиот македонски народ. Тоа што го наведувате дека државите немаат човекови права е неприфатливо, затоа што ние зборуваме за луѓето во оваа држава, на кои што дури и етничкиот идентитет не им е прифатен“.

Хјуман Рајтс Воч во минатото имаше големо влијание врз прашањата за македонските човекови права, а нивниот историски извештај од 1994 „Негирањето етнички идентитет – Македонците во Грција“ му помогна на се’ уште непризнатото и прогонувано македонско малцинство да си ги објават своите маки. Како и да е, Македонците воопшто не беа спомнати во годишниот извештај на ХРВ од 2017 година, во делот за Грција, а останатите етнички малцинства беа само летимично спомнати. Во делот од извештајот на ХРВ за Србија / Косово, Македонците исто така не беа спомнати, а за Албанија и Бугарија воопшто немаше извештај од Хјуман Рајтс Воч.

Поради одбивањето да се осудат преговорите за името, Бил Николов им го потенцираше на ХРВ следново: „За жал, Грција се потпира на овие позиции со намера да го негира постоењето на Македонија и Македонците.“

Како основа за негирање на Македонците и другите етнички малцинства и нивните човекови права, Грција употребува квази-аргументи. Според официјалната политика на Грција, македонското малцинство во Грција „не постои, но и кога би постоело...", според нив „човековите права не можат да се применуваат колективно, туку важат само за поединци". Грција се осмелува да тврди нешто што очигледно не е точно, а тоа е дека сите во Грција уживаат „еднакви човекови права“, нешто што е со децении дискредитирано од страна на Обединетите нации, Европскиот суд за човекови права и од други организации што ги анализирале човековите права во нивната земја. За жал, сегашната позиција на ХРВ за прашањето за името, несвесно, спаѓа во категоријата на користење на семантиката како основа за негирање на човековите права на Македонците.

Како што Хјуман Рајтс Воч направи во својот извештај од 1994, ММДЧП се надева дека ова движење ќе заземе значајна улога во одбрана на основните човекови права, согласно нивниот мандат, па веднаш ќе побара прекин на преговорите за името. ММДЧП ги повикува и другите организации за човекови права да го направат истото, а го повторува и повикот до меѓународната заедница, до оној поголем дел кои што ја признаа Македонија под нејзиното вистинско име, да го преземат логичниот чекор и да побараат крај на преговорите за името. Ваквите чекори би значеле и крај на, од Обединетите нации спонзорираниот напад врз Македонија и врз правата на Македонците за самоопределување, самоидентификација и најосновните човекови права.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.





Медиумско покривање:

• МИА
• МКД.мк
• Сител
• Вечер
• Економски Лидер
• Локално
• Радио Слободна Македонија
• Старт
• Вест
• ТВ Нова
• Денешен Весник
• Утрински Весник
• Тера

 
Join Us Videos Follow Us

TELL the EUROPEAN PARLIAMENT to RETRACT and APOLOGIZE for their bizarre anti-Macedonian resolution

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting