Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Грција – Република Ирелевантија

29 септември, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Greece – The Republic of Irrelevance Во заблуда се оние кои што сметаат дека, за да се стави крај на т.н. спорот за името, Македонија и Грција мора да се договорат за ново име за Македонија. Грција успешно ја шири тезата дека нивното мислење е важно. Што мисли угнетувачот Грција е сосема ирелевантно. Државата која што се обидува да ја избрише Македонија од мапата не може да има никакво влијание во одлучувањето како ќе се нарекува некоја друга држава. Имајќи во предвид дека амбициите на Грција се толку провидни, па дури истите ги обелодени и екс грчки премиер, шокантно е тоа што Обединетите Нации веќе две и пол децении бара од Македонија да прави циркус од себе, кршејќи ги на тој начин нејзините основните човекови права, се’ со цел за прв пат во историјата да и’ се дозволи на една нација да именува друга.

Грција апсолутно нема право да присвојува ништо македонско. Тоа се користи само со цел да се негира постоењето на Македонија, па се обидуваше, а и продолжува со истите обиди, да го искорени постоењето на македонската нација, култура и јазик. Во 1913-тата година Македонија беше поделена меѓу Србија, Бугарија, Грција, а подоцна и Албанија, земји кои што без исклучок вршеле, или се’ уште вршат обиди за асимилација. Грција и Бугарија се, на пример, тие што се обидуваат да го присвојат името на Македонија, а не обратно. Постојат и многу други проблеми со овие држави, исто како и со Албанија и Србија.

И се’ всушност се сведува на тоа. Не може некоја нација да си го земе правото да именува друга. Самоопределбата и самоидентификацијата се она што е важно. И уште да се додаде фактот дека Македонија отсекогаш била позната како таква уште од античката историја, така што тоа и не може да биде за некого нова вест. Не дека Македонија едноставно самата си одлучила да се нарекува со тоа име. Романтизацијата на Грција од страна на западните земји е тоа што доведе да уживаат во бесрамната грчка ксенофобија кон Македонија.

Уште еден важен момент е тоа што Грција немаше проблем со Република Македонија кога таа беше дел од Југославија. Уште од прогласувањето на независноста, иако понекогаш многу бурно, се одржуваа бизнис релации и се вршеше трговија, но без да има договор за имињата на државите. На пример, во 1995-та година. Времената спогодба се однесуваше на „Претставник на првата страна“ и „Претставник на другата страна“. Па ако веќе Македонија е принудена да ја користи глупата референца „БЈРМ“ (од Бивша Југословенска Република Македонија), би можело, а и треба Грција да ја нарекуваат „Поранешна Отоманска Колонија Грција“, или ЗРКВВ „Заблудена Република со Комплекс на Виша Вредност", па не би имало промени во бизнисите меѓу двете земји. Македонија дури и би можела да го следи примерот на ПОКГ (Поранешна Отоманска Колонија Грција) и да лепи налепници на возилата што доаѓаат од Грција, со образложение дека Македонија не признава држава со име Грција.

Па дури и ако некој се занесе по грчкото тврдење дека името на Република Македонија би создало забуна со провинцијата Македонија (која што Грција ја анексираше во 1913-та година) зборот „Република“ укажува на државност. Решен проблем. Додавање на „Северна“, „Словенска“, „Демократска“, или било која друга глупа грчка сугестија за префикс, воопшто не обезбедува прецизност како што се тврди. Со тоа само би се исполнила целта на негирање на постоењето на Македонија и македонскиот народ во Грција.

И кој е тој што ќе стави крај на овој бесмислен спор? Македонија, ООН, ЕУ, САД...?

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права


 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting