Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП се сретна со специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц и од него побара да си поднесе оставка и да прогласи крај на преговорите за името на Македонија

21 октомври, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Метју Нимиц и Бил Николов Торонто, Канада (21 октомври, 2016) - Во вторник, на 18 октомври, 2016 година, во градот Њујорк се одржа средба на претседателот на Бил Николов, претседател на Меѓународното македонско движење за човекови права и амбасадорот Метју Нимиц, специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации во врска со прашањето за името. ММДЧП побара од Нимиц да поднесе оставка, како што ота го направи и неговиот претходник Робин О’Нил, и јавно да се откаже од преговорите за името.

ММДЧП настапи со образложение дека не постои решение за 25-годишниот вештачки создаден спор, во кој што едната страна одбива да ги признае името, идентитетот, етничката припадност и јазикот на другата страна, па активно и транспарентно, мора да се признае, се обидува да ги елиминира. ММДЧП изразија незадоволство поради тоа што Обединетите Нации продолжуваат да се забавуваат со идејата Македонија присилно да го смени своето име и што дозволува цели 25 години да трае бесрамниот напад врз суверенитетот на Македонија и врз најосновните човекови права како што е самоопределувањето на македонскиот народ. За прв пат во историјата, Обедитетите Нации дозволуваат една земја да определува име на друга земја. Понатаму, ММДЧП истакна дека Македонија и Македонците отсекогаш биле познати под тоа име, тие „не го избрале“ името, па не можат ниту да изберат да се откажат од него. И покрај тоа што се тврди спротивното, Грција е таа која што се обидува да го „присвои“ името Македонија, што е всушност јасно видливо и од 1998 година кога е променета политиката на негирање на постоењето на Македонија и барањето да се прифати како нивно име.

Додека Грција инсистира на историски дискусии, како изговор за своите тврдења, ММДЧП појасни дека ниту г-динот Нимиц, ниту Обединетите Нации не можат како појдовна точка да го земат про-грчкиот аргумент дека Македонија е „нова“, а Грција е „стара“. Ова не само што е погрешна, туку претставува и опасен преседан кој што и’ помага на Грција во лажните барања за Македонија. Уште од формирањето на Грција во 1830-та година, никогаш не било побарано Македонија да се приклучи на грчката држава, што јасно покажува дека никогаш и немале претензии кон Македонија. Напротив, од поделбата на Македонија во 1913-та година помеѓу Србија, Бугарија и Грција, а подоцна и Албанија, Грција континуирано бара искоренување и бришење на Македонија, што е впрочем случај и со другите држави.

На средбата со Нимиц, ММДЧП истакна дека со додавање на било каква географска или друга одредница, како на пример „Република Северна Македонија", „Демократска Република Македонија" или „Република Словенска Македонија", е крајно навредливо и само би и’ помогнало на Грција во нејзините обиди да го променат етничкиот идентитет на Македонците. Не може некој да го промени името на една земја без промена на идентитетот на народот. Исто така, со тоа би се обезбедила и целта на негирањете на постоење и прогон на македонското малцинство во Грција, момент кој што беше и јавно признат од страна на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис во 1995 година. Македонците во Грција и низ целиот Балкан се залагаат за нивните човекови права како Македонци и ништо повеќе од тоа.

Дури и да се земат во предвид бесмислените аргументи на Грција во создавањето на бесмислениот „проблем“ со името, нивното тврдење дека името на Република Македонија „создава конфузија" со "провинцијата Македонија" е манипулативно, затоа што зборот „Република" укажува на државност.

ММДЧП го потенцираше и ставот на поранешниот државен секретар на САД, Лоренс Иглбергер, дека "Спорот за името е непотребен и неоснован, бидејќи Македонија беше нарекувана така и во времето на поранешна Југославија и тогаш тоа не предизвикало никакви проблеми... Грција тврди дека Македон, Македонија и Александар Македонски се нејзини. Ова е лажно тврдење и е време некој го каже тоа... Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и воопшто не е засновано на факти.“ Г-динот Иглбергер уште и додаде дека „не е мудро странците да се мешаат во внатрешните работи на друга држава".

ММДЧП ја повтори својата поента дека угнетувачот Грција не треба да ја признава Република Македонија и дека Република Македонија не треба да ја признава Грција. Како и во досегашната пракса, Македонија и Грција можат да продолжат да се обраќаат една кон друга со „Претставник на првата страна" и „Претставник на втората страна“, а може и со „Земја А" и „Земја Б". Понатаму, Грција ги прекрши условите од Времената спогодба од 1995 година со забраната за влез на Македонија во НАТО, со што ја негира и важноста на таа спогодба. На Меѓународниот суд за правда во Хаг, Македонија го доби судскиот спор во врска со овој случај, но сепак последици за Грција нема. ММДЧП повика г-динот Нимиц и Обединетите Нации веднаш да го прогласат договорот за неважечки и да објават дека Македонија има технички причини да стават крај на преговорите за името.

Како што му беше предочено и на г-динот Нимиц, а тој став на ММДЧП не е променет уште откако Македонија прогласи независност во 1991 година, непобитен е фактот дека решението на проблемот е во рацете на Македонците. Доколку Македонија ги прекине преговорите, спорот за името автоматски би бил решен. Тоа што западните држави бараат промена на името е само од причина што Македонија преговара. Тоа е повеќе од јасно и затоа ММДЧП ги повикува сите македонски политички партии јавно и без одлагање да ја истакнат потребата од прекин на бесмислените преговори за името и да се обврзат дека, доколку ја добијат власта, никогаш во иднина нема да се вклучат во било каква расправа за името Македонија.

На крајот од средбата, ММДЧП го потсети господинот Нимиц на изјавата на првиот посредник на ОН за спорот со името, дека „Македонија не смее и нема да го промени своето име со цел да се задоволи Грција. Ако Македонија подлегне на притисоците и го промени своето име, таквиот развој на настаните би и’ дало дополнителен поттик на Грција во настојувањата да ја постигне својата крајна цел - Македонија да исчезне од мапата." ММДЧП го повтори својот повик до Обединетите нации да ги почитуваат сопствените принципи за човековите права и конечно да стави крај на преговорите за името.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.


Медиумско покривање:

• Eurasia Review
• МКД
• Локално
• Телеграф
• Инфомакс
• Курир
• Канал 5
• Лидер
• Пулс 24
• Економски лидер
• Вистина
• Економски MK
• Сител
• ТВ Нова
• ТВ21
• Точка
• Мрежа
• МИА
• Макфакс



 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting