Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП одржа средба со американскиот Стејт Депатмент на која што побараа од САД да дадат поддршка за македонското име, за правата на македонските малцинства и да не се мешаат во македонската политика

17 ноември, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

US State Department Претседателот на Меѓународното македонско движење за човекови права, Бил Николов, на 19-ти октомври, 2016 година, се сретна со претставници на американскиот Стејт Департмент и побараа САД веднаш да се откаже од барањето Македонија да го смени своето име и да стави крај на преговорите за името. Николов побара од САД да стават крај и на угнетувањето на Македонците во соседните балкански држави и конечно, да прекинат со мешањето во актуелната политичка ситуација во Македонија.

Николов го потенцираше ставот на ММДЧП од кој што никогаш не отстапиле, дека Македонија никогаш не треба да се занимава, или да дозволи да биде принудена да се вклучи во било какви преговори за името. Единствен начин да се реши овој вештачки создаден спор за името е преговорите да завршат и дека ММДЧП очекува од САД да застанат во одбрана на своите принципи и да ги квалификуваат преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонците. Николов ги повтори позициите на ММДЧП во врска со името кои што му беа предочени и на
Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, за време на средбата што се одржа на 18 октомври, оваа година.. Едноставно кажано, било каква дискусија за името на Македонија, на Грција и’ дава можност да ги оспорува етничкото потекло на Македонците, името, јазикот, културата и идентитетот. Македонија отсекогаш била позната по тоа име, а грчките тврдења дека името Македонија им припаѓа нив се само тактика во од Грција произведениот спор за името. Николов истакна и дека САД можат да стават крај на овој проблем со осуда за грчкиот став и со целосна поддршка за Македонија.

Николов побара од САД да се заложат да прекине дискриминацијата против Македонците, особено од страна на Грција, Бугарија и Албанија, и да инсистираат овие држави да се придржуваат до меѓународните конвенции за човекови права, на кои што и самите тие се потписници. Тој истовремено побара во годишните извештаи на Стејт Департментот за почитување на човековите права во државите, пообемно да се наведат сите прекршувања на човековите права против Македонците. Тој објасни дека во извештаите за Грција да се употребува терминологија која што недвосмислено ќе укажува на непризнавање на македонскот малцинство во таа држава. На пример, досегашната пракса од Стејт департментот да се употребуваат термини како „самоидентификувани Македонци“, или „словенски групи“ само им помага на Грците да го негираат етничкиот идентитет на Македонците и затоа е неприфатлива. Исто така, се наведува дека „...повеќе од два милиона етнички (и лингвистички) грчки граѓани за самоидентификација го употребуваат терминот ‘македонски’...“ не само што не соодвествува со фактите, од причина што етничките Грци никогаш себеси не се идентификувале со терминот ‘македонски’, туку уште и’ помага на Грција да го негира постоењето на македонско малцинство. Поради сето тоа, грчките обиди за искоренување на македонската нација и обидите за незаконско присвојување на терминот ‘Македонија’ – мора да се осуди од страна на Стејт Департментот.

Конечно, Николов побара од САД да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија и во политичката ситуација. Тој го повтори ставот на ММДЧП дека САД мора да се откажат од својата политика на странски интервенционизам и ако веќе чувствуваат дека мора да дадат насоки за другите демократии во светот, нека го направат тоа со сопствен пример. И не постои подобар пример од најтранспарентниот чин на угнетување на Грција кон Македонија, преку спорот за името – и да стават крај на преговорите.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.



 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting