Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Ако се прифатат аргументите на градоначалникот на Лондон против ЕУ и САД, спорот со името би бил завршен

27 март, 2016

Read this page in English

Print this page

Boris Johnson Re: Американците никогаш не би прифатиле ограничувања од страна на ЕУ - па зошто ние да треба да прифатиме?
www.telegraph.co.uk

Во пресрет на претстојната посета на Обама на Велика Британија, каде што ќе им предлага на Британците да останат во Европската унија, градоначалникот на Лондон Борис Џонсон изјави дека: „...доаѓањето на чичко Сем е всушност дел од едно срамно и прекумерно лицемерие." Токму така. Ниту една држава нема право да и’ кажува на друга како да ги менаџира своите внатрешни работи.

Извонредниот остар сарказам од страна на Џонсон продолжува: „На луѓето во Британија ќе им биде кажано да биде добри со себе и да прават добри работи. Од страна на нашиот најголем сојузник ќе ни биде кажано дека е во наш интерес да останеме во ЕУ, без разлика какви недостатоци ние претчувствуваме дека ќе има самата организацијата. Не е важно губењето на суверенитетот, не се важни трошоците, бирократијата во организацијата и неконтролираната имиграција".

За „губењето на суверенитетот". Џонсон ја погоди суштината во сржта. Спроведување на било кој од неговите аргументи во САД и ЕУ бара Македонија да го промени своето име за да се смири Грција. Само прашајте го Британецот Робин О'Нил, кој што беше првиот посредник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција и ќе ви каже: „Македонија не смее и нема да го смени своето име за да ги задоволи Грците. Ако Македонија подлегне на притисокот и го смени своето име, тоа само ќе им даде на Грците уште повеќе сила во настојувањето да стигнат до својата крајна цел - Македонија да исчезне од географската карта."

Борис Џонсон вели: "Не постои земја во светот што го бранела сопствениот суверенитет со таква хистерична претпазливост, како Соединетите Американски Држави". Па зошто тогаш е прифатливо за САД да го загрозува суверенитетот на Македонија со барање за промена на името? Да се вратиме на поентата на Џонсон. Соединетите Американски Држави, исто како и Велика Британија и поголемиот дел од светот, веќе ја признаа Македонија со употреба на нејзиното вистинско име. Сепак, само едно нешто може да ги објасни активностите на САД, а тоа е глупото верување дека тие најдобро знаат како треба и дека затоа тие имаат право да се мешаат во надворешната политика.

Прашањето за името на Македонија се сведува на здравиот разум. Не може една нација да има право да именува друга. Името на Македонија отсекогаш било Македонија. Грција го негираше нејзиното постоење и пред 1988 година за тогаш, како што призна и поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис, да го наметне спорот за името како изговор да продолжи со негирање на постоењето и со прогонство на своето големо македонско малцинство. Западот ја распарчи Македонија во 1913 година меѓу Грција, Бугарија и Србија (од која еден дел подоцна отиде во Албанија) и Македонците повеќе од 100 години се жртва на обидите на разни влади за да бидат искоренети како нација и присилно да бидат асимилирани.

Еден дел од Македонија прогласи независност во 1991 година, а сега Западот, предводен како и обично од САД, олицетворувајќи се во фарсата „преговори за името“ со посредство на ОН, бара од Македонија да се согласи на „компромис" за своето име. „Привремено" (преку две децении), ОН ја ословува Македонија како "FYROM" (Former Yugoslav Republic of Macedonia). Мора да им е многу интересно на македонските спортисти кога чекорат на церемониите на отворање на олимпијадите позади табла со буквата "F". Како би изгледало ако САД бидат наречени "FBCOA" (Former British Colony of America). Тие попрво би прогласиле војна отколку да прифатат било какви преговори за името.

Еден да се замисли дека ако било кој од точки Борис Џонсон беа применети за ситуацијата во Македонија, ние би го немале денес целиот овој хаос. Ајде да видиме дали Велика Британија ќе може да го научат својот помлад американски брат на некое добро расудување и да се откаже од преговорите за името Македонија како напад врз човековите права и здравиот разум.


Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
157 Adelaide Street West, Suite 434
Toronto, Canada
416-850-7125

www.mhrmi.org

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting