Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Во водечкиот американски политички весник The Hill објавена е статија од претседателот на ММДЧП – Корегирајте ја погрешната политика на САД во Македонија

8 август, 2016

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Хилари Клинтон Хилари Клинтон и погрешна надворешна политика на Демократската партија

www.thehill.com

Од кога Демократите станале Републиканци? За среќа, тие се’ уште се социјал-либерали (или како што би рекле Американците, „прогресивни“, бидејќи не дај Боже тие да го употребат зборот „Л“), но затоа нивната надворешна политика, за жал, е повеќе од „републиканска“. Американскиот интервенционизам се чини дека никогаш нема да заврши, освен, се разбира, доколку Доналд Трамп стне следен претседател. Ова е тоа од што им се тресат коските на Демократите. Не можат да го замислат Трамп како иден Врховен командант, туку дека Доналд Трамп е всушност нивниот „глас на разумот“.

Ако го проанализираме тоа што се случува, Трамп се однесува како не-претседателски кандидат, но неговите пораки за надворешната политика звучат многу порационално и поодговорно отколку политиката на Демократите. Берни Сандерс и Ранд Паул ја имаа истата порака, дека САД би завршиле со политиката на интервенционизам, што всушност и’ треба на Америка и уште повеќе на светот. И навистина е штета што Берни Сандерс отпадна од трката за претседател. И штета што Ранд Паул никогаш и не учествуваше во таа трка. Скорешниот раст на рејтингот на Либералната партија, иако однапред беше предодредена да не успее, барем понуди уште еден глас барајќи да се стави крај на мешањето на САД во внатрешните работи на други држави.

Многу просто, американскиот интервенционизам произлегува од американскиот комплекс на супериорност. Ако некој смета дека е најдобар, ќе оди наоколу обидувајќи се и да го докаже тоа... под маската на ширење на неговите вредности и подобрување на недостатоците на моралните вредности од другите. Земете го примерот со DNC, кој што всушност беше изговор на Демократите за да манипулираат со наводни нивни квалитети во прекумерно прикажување на екстремен патриотизам. На пример, говорот на Мишел Обама беше навистина инспиративен, но како што кажа и самата, „Америка не е најдобрата држава во светот“. Јас лично мислам дека Канада и Македонија се најдобрите држави во светот. Треба ли сега да се натпреваруваме? Ајде да почнеме со „туркање раце“, а потоа ќе продолжиме со танцување во диско. Од која и да си држава, таа ќе биде најдобрата... за тебе. Нема потреба од понижување на било која друга држава.

Неуспешната американска надворешна политика трае со децении, па зошто да се продолжува? И кој им даде право на САД да продолжуваат? Вообичаено е да слушаме од двете страни некаква експертиза за тоа како треба да се води светот, меѓутоа во овој изборен циклус тоа го слушаме само од Демократите. И целосно се внесени кога тоа го прават. Секој што ќе се осмели да не се согласи дека има погрешни ставови, мора да се прогласи за тотален морон. Сега е вистинскиот момент, само што видовме дека Македонија продефилира на свеченото отворање на олимпијадата позади буквата „Е“. Во Сочи бевме позади „Б“, а во државите од англиско говорно подрачје сме позади „Ф“. Ова звучи како Мапет Шоу. Тоа произлегува од сите преводи на поимот “former”или бивша, од “Former Yugoslav Republic of Macedonia” (“FYROM”), или Бивша Југословенска Република Македонија („БЈРМ“). Додека САД и поголемиот дел од светот ја признаа Македонија со вистинското име, Грција се пожали дека е прекинат нивниот план за разнебитување на Македонија. Па затоа Обединетите Нации прифатија да продолжат со употреба на референцата „БЈРМ“. Робин О’Нил, првиот посредник на ОН за т.н. спор со името, во повеќе наврати настапи многу решително. Поранешниот државен секретар Лоренс Иглбергер за спорот со името кажа дека е „неоснован“ и дека грчкото присвојување на името Македонија е погрешно и без никакви факти. Сепак, ОН продолжува со над две децении преговори за името, обидувајќи се да ја принуди Македонија да го смени името и да се смири Грција.

Кристално јасната глупост што произлегува од овој спор е за восхит. И навистина е патетично и натаму да ги гледаме македонските спортисти да дефилираат на свечените отворања на олимпијадите позади табла на која што буквално пишува „Бивша Југословенска Република Македонија“. Големината на таа табла е најблаго речено, смешна. Дали македонските симпатизери скандираат „Напред Фиромци, напред!“? Основното човеково право е правото на самоопределување. Се разбира, Грција всушност и призна дека вештачки го создала овој проблем како начин за да може да продолжи да ја гони големата македонска популација која таа ја ‘наследи’ во минатиот век по поделбата на Македонија меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Излегува дека Грција е таа што се обидува да го присвои името Македонија, а не обратно како што се тврди. Барем може да се научи дека најдобрата обрана е добар напад. Но ова произлегува од грчкото МО кое што тврди дека се’ е грчко и се надева дека така ќе остане, како турската баклава или ‘меѓународниот’ јогурт.

Но каква врска сето ова има со изборите во САД? Епа затоа што Хилари Клинтон бара од Македонија да си го смени името. Американците од македонско потекло не би можеле со мирна совест (термин кој што многу често го слушаме во последно време) да гласаат за неа. Па ајде да видиме кој е подготвен да се откаже од смешните преговори за името како напад врз здравиот разум и врз најосновните човекови права на Македонија. Изборете се за гласовите на македонските Американци во овој процес. И како бонус, сигнализирајте му на светот дека САД се согласни да научат нешто од сопствените грешки во надворешната политика и дека вистински промени се сепак можни.

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права


 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting