Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Северноамерикански музеи го овековечуваат митот за грчки етнички континуитет

15 декември, 2014

Read this page in English

Print this page

Грците - од Агамемнон до Александар Велики Четири северноамерикански музеи, во соработка со грчкото Министерство за култура и спорт, започнаа амбициозна мисија за ширење на митот за петилјадогодишната „грчка“ култура, вклучувајќи го и „крадењето“ на македонскиот крал Александар Велики. Изложбата е именувана "Грците - од Агамемнон до Александар Велики", а моментално е изложена во Pointe-a-Calliere, Montreal и ќе продолжи со изложби во Canadian Museum of History во Gatineau, the Field Museum во Chicago и the National Geographic Museum во Washington D.C. Изненадувачки и неодговорно, проектот беше спонзориран, делумно, од страна на Секторот за канадско наследство и промовиран од страна на Канадската амбасада во Грција.

Западниот свет, романтизирајќи се со историјата на Грција придонесува за овековечување на грчкиот мит за етничката чистота и за самопрогласената супериорност, со што Грција стана најотворена расистичка земја во западниот свет. Сепак, западната култура нема проблем за Грција да ја обележи како "лулка на цивилизацијата" и "лулка на демократијата", иако идејата за „Грција“, како единствен субјект, ниту територијално ниту културно, не постои.

Грчката агресивна пропаганда, која има за цел да го убеди светот дека античките Македонци биле „грчки“, нема основа во историски факт, и е дел од грчката расистичка политика на негирање на постоењето на Македонците, во денешно време, или било кога во историјата. Грција е единствената западна земја која што го негира постоењето на било какви етнички малцинства на својата територија и „гордо“ истакнува дека невната земја е "етнички чиста". Расизмот е толку неконтролиран во Грција, што таа фактички стана прва земја после нацистичка Германија во која што се избираат членови на нео-нацистичка партија во парламентот (21 член на „Златна зора“).

Парадоксално, до 1988 година, според добро документираната политика на Грција, Македонија не постоела и насилно се обидуваа да го искоренат нејзиното постоење. За потоа, од страв дека ќе го изгубат делот на Македонија кој го анектираа во 1913 година, грчката пропагандна машина го смени курсот тврдејќи дека територијата на Македонија им припаѓа на нив, а дека луѓето не постојат.

Фактот што Грција била во можност да ги убеди северноамериканските музеи за да прикажат и да промовираат толку неточни историски податоци како дел од изложбата "Грците - од Агамемнон до Александар Велики" и да си дозволи да стане дел од грчката пропаганда е шокантно. ММДЧП бара итно завршувањето на овие изложби и отстранување на изложениот материјал. За да се слушне и вашиот глас, Ве молиме да ги користите долунаведените контакт информации.

Исто така, ММДЧП бара од Македонците да ја изразат својата загриженост во врска со ширење на било какви историски неточни информации кои што можат да се најдат во северноамериканските библиотеки и училишта, како и да бараат античката македонска историја да се изучува на точен и непристрасен начин.
Во 2009 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права и Македонското меѓународно движење за човекови права вложија напор да се објави истражување на македонската историја (
www.mhrmi.org/news/2009/june09_e.pdf) кое што наиде на огромна поддршка од меѓународни научници.

Контакт информации:

Pointe-a-Calliere, Musee d'archeologie et d'histoire de Montreal
350 Place Royale
Corner of de la Commune
Old Montreal, Quebec, Canada H2Y 3Y5
Tel: 514-872-9150
Email:
info@pacmusee.qc.ca
Website:
www.pacmusee.qc.ca
Twitter: @PointeaCalliere

Canadian Museum of History
100 Laurier Street
Gatineau, Quebec, Canada K1A 0M8
Tel: 1-800-555-5621
Website:
www.historymuseum.ca
Twitter: @CanMusHistory

The Field Museum
1400 S. Lake Shore Drive, Chicago, IL 60605-2496
Tel: 312-922-9410
Website:
www.fieldmuseum.org
Twitter: @fieldmuseum

National Geographic Museum
1145 17th Street, NW (17th and M)
Washington, DC 20036
Tel: 202–857-7700
Email:
newsdesk@nationalgeographic.com
Website:
www.ngmuseum.org
Twitter: @NatGeoExhibit

Department of Canadian Heritage
15 Eddy Street
Gatineau, Quebec, Canada K1A 0M5
Tel: 819-997-0055
Email:
info@pch.gc.ca
Website:
www.pch.gc.ca
Twitter: @CdnHeritage

Embassy of Canada to Greece
4, Ioannou Gennadiou Street,
115 21 Athens, Greece
Tel.: 30-210-7273400
Email:
athns@international.gc.ca

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting