Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Меѓународниот ден за човекови права и “прославите” на Советот на Европа

10 декември, 2013

Read this page in English

Print this page

Council of Europe Лерин/Горна Џумаја/Пустец/Торонто/Мелбурн – Декември 10/2013

Соопштение за медиумите – Виножито, ОМО Илинден Пирин, МАЕИ, ММДЧП и АМКЧП

Советот на Европа оддржа еден настан на 25 ноември, 2013 година за да ја “прослави 15-годишнината на Рамковната конвенција (за Заштита на националните малцинства)”.

ќе беше по соодветно ако се навратеа на неуспехот на спроведувањето на Рамковната конвенција. Совршена можност Ќе беше третата посета на Бугарија од страна на Советодавниот одбор, кој се оддржа од 11-15 ноември, 2013 година. Бугарија ја има ратификувано конвенцијата но е слободна да го порекнува постоењето на своето македонско малцинство, да спроведува државно-поткрепена дискриминација и да ги игнорира разните пресуди на Европскиот суд за човекови права во корист на македонското малцинство. Грција, која никогаш ја нема ратификувано конвенцијата (дали овој факт навистина беше “прославен” од Советот на Европа?), е, се разбира, слободна да го прави истото.

Според Советот на Европа, целта на Рамковната конвенција е “да го штити постоењето на националните малцинства во рамките на своите граници”, кое е целосен неуспех, сепак, Советот на Европа ја има дрскоста да ја вклучи следната, иако добронамерна, но очигледно недостижна (за Советот на Европа) цел, “ИмајЌи предвид дека плурално и вистинско демократско општество не само што треба да го почитува етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на секоја личност која припаѓа на национално малцинство, туку исто така треба да воспостави соодветни услови кои Ќе им овозможи да го изразат, развијат и унапредат овој идентитет”.

ИмајЌи предвид дека Советот на Европа не може да ја натера Грција, една од своите членки-држави, нити да го признае постоењето на некое етничко малцинство на својата територија, како очекува да го спроведе создавањето на “…соодветни услови кои Ќе им овозможи (на малцинствата) да го изразат, развијат и унапредат овој идентитет”? Човек треба да се запраша зошто на грчки претставник воопшто му беше дозволено да присуствува на “прославите” во Советот на Европа.

Советот на Европа Ќе биде добро советуван да објасни кои методи ги имаат за спроведување на овие начела и зошто, до денес, не ги имаат користено.

Освен тоа, дали Советот на Европа не ја гледа иронијата нарекувајЌи ја Република Македонија како “поранешната југословенска Република Македонија” (вклучително наводниците) на својот список на членки-држави додека тврди дека заштитува и унапредува човекови права? Како ”…водечка организација за човекови права на континентот”, човек би мислел дека Советот на Европа Ќе го разбере концептот за самоидентификација.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 93298960.

ЕСА - Виножито е политичка партија која што се бори за правата и за признавање на македонското малцинство во Грција. Партијата има канцеларии во Лерин / Флорина и Едеса / Воден. За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата www.vinozito.gr, или испратете емаил на: vinozito@otenet.gr, или јавете се на +30 23850 46548.

ОМО „Илинден" - ПИРИН е политичка партија која што ги подржува правата на македонското малцинство во Бугарија. Нејзиното делување е забрането, иако во 2005 година Европскиот суд за човекови права пресуди дека со таа одлука се прекршува Европската конвенција за човекови права. За повеќе информации, ве молиме постете ја страницата www.omoilindenpirin.org.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е политичка партија на македонското малцинство во Албанија која ги брани човековите права на Македонците ширум Албанија. За повеЌе информации посетете ја страната
www.macedoniansinalbania.org.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting