Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП се сретна со македонскиот претседател Иванов, повторувајќи го барањето Македонија да ги прекине преговорите за името

21 април, 2013

Read this page in English

Print this page

ММДЧП се сретнаа со Иванов Торонто, Канада (21 април, 2013 година) - На 20 април, 2013 година, делегација од Македонското меѓународно движење за човекови права се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, за време на неговата официјална државна посета во Канада, повторувајќи го барањето Македонија веднаш да ги прекине преговорите за името.

Претседателот на ММДЧП Бил Николов и членовите Бил Павловски, Јован Дреноски и Крис Балкос (Балковски) се сретнаа со претседателот Иванов, со македонскиот амбасадор во Канада Љубен Тевдовски и со пратеникот во македонскиот парламент за Северна Америка, Павле Саздов.

ММДЧП побара од македонската влада да го истакне бесрамниот расизам на Грција и вистинските мотиви за отворање на бесмислениот "спор за името" - да го искоренат постоењето на Македонија и Македонците. Наместо постојано да се брани од смешните тврдења на Грција, Македонија мора да ја нагласи ирационалноста на овие тврдења, како што се ризикот од „внесување забуна" меѓу Република Македонија и грчката провинција Македонија (која што Грција ја присвои по поделбата на Македонија во 1913 година) и дека тоа налага „потреба" од географска одредница. Македонија веќе има „одредница" во поимот „Република", па зошто би имало потреба од „Горна", „Северна" или било какви други смешни предлози? Како што истакнаа од ММДЧП, аргументот за „географска одредница" е само трик кој што треба да доведе до тоа Македонците да станат „Горни Македонци" или „Северни Македонци". Со други зборови, обид да ги снема името на Македонија и идентитетот на Македонците.

Македонија, исто така, мора да се спротивстави на тезата дека тоа е „нова" нација која се обидува да го узурпира грчкото име. Грција го негираше постоењето на Македонија до 1988 година и воопшто не постоеше како држава до 1830 година. Од друга страна, Македонија отсекогаш била познат како таква. Македонија мора да потенцира дека Грција е всушност таа која што се обидува да го узурпира името Македонија.

ММДЧП ја охрабрува македонската влада да им укаже на САД, на Европската унија и на земјите-членки на НАТО, нивната екстремна хипокризија барајќи Македонија да го смени своето име, а истовремено да тврди дека се залагаат за "човековите права и демократијата" во светот. Како можат САД, ЕУ и НАТО да го оправдаат барањето Македонија да се откаже од најосновното право - правото на самоидентификација?

ММДЧП ја повика македонската влада да се приклучи кон барањето до посредникот на ОН, Метју Нимиц, да поднесе оставка и, како што направи неговиот претходник Робин О'Нил, да означи крај на преговорите за името.

Во прилог на неколку други клучни точки во кампањата
Нашето име е Македонија, која бара Македонија да ги прекине да преговарите за свое име, би сакале да го истакнеме и клучниот момент, а тоа е дека било каква промена на името на Македонија во билатералниот спор со Грција би довела до целосна промена на меѓународно ниво.

Македонското меѓународно движење за човекови права, воедно се фокусира и на виталните работи и ние, заедно со нашите партнери од Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права, работиме низ целиот Балкан во промоцијата на македонските човекови права и бараме од македонската влада да биде многу погласна и посмела во заштитата на човековите права на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија, исто како што државите Грција и Албанија го прават тоа за нивните малцинства на Балканот.

Конечно, ги повикуваме сите Македонци во Македонија и низ целиот свет, да се приклучат на кампањата
Нашето име е Македонија и на барањето Македонија веднаш да стави крај на преговорите за името. Контакт информации за македонскиот парламент можат да се најдат овде:
http://www.sobranie.mk/en/?ItemID=3117B2594B76DA4DA19ACBC1D4FAE5CE

###

Помогнете им на Македонците низ целиот свет да се борат против кршењето на основните човекови права со кое што секојдневно се соочуваат и зачленете се во Фондот за човекови права на ММДЧП и Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. ММДЧП и АМКЧП се единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат и организираат активности поврзани со заштитата на човековите права на Македонците на Балканот. Вашите донации ќе бидат наменети за финансирање на значајни активности во борбата за обезбедување на човековите права на Македонците.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.


ММДЧП се сретнаа со Иванов

Од лево на десно: Македонскиот амбасадор во Канада Љубен Тевдовски, Членот на ММДЧП Крис Балкос (Балковски), Претседателот на РМ Ѓорге Иванов, Претседателот на ММДЧП Бил Николов, Пратеникот во Собранието на РМ Павле Саздов, Членот на ММДЧП Јован Дреноски и Членот на ММДЧП Бил Павловски.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting