Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП повторно бараат Македонија да ги прекине преговорите за името

8 септември, 2011

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Macedonia Forever Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (8 септември, 2011) - По повод 20-годишнината од независноста на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) повторно побараа Македонија веднаш да ги прекине преговорите околу името.

Срамно е што Македонија, со учеството во преговорите, есамата ги крши своите најосновни човекови права, кои што се однесуваат на самоопределба. За осуда е и тоа што западниот свет, и покрај тоа што ја призна Македонија, инсистира Македонија да го промени своето име.

ММДЧП и АМКЧП во јули 2010 година започнаа кампања „Нашето име е Македонија“. Со таа рекламна кампања бара прекин на преговорите, и притоа добија огромна поддршка од Македонците во Република Македонија и во целиот свет.

Како што е наведено во кампањата „Нашето име е Македонија", "Ние победуваме. Над 130 земји ја признаа Македонија, вклучувајќи и четири од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Имаме сила да ставиме крај на ова. Стоп за преговорите за нашето сопствено име".

ММДЧП и АМКЧП бараат Македонија жестоко да го брани нашето име и веднаш да стави крај на преговорите за името. Понатаму, бараме:
• крај на употреба на "привремена референца" на „ПЈРМ" или „Поранешна Југословенска Република Македонија"
• Македонија да го врати оригиналното знаме
• Македонија да се повлече од Привремената спогодба во 1995 година

Нашите организации, исто така:
• ја осудуваат секоја македонска влада за предавство пред на грчките расизам, како и САД и Западна Европа за продолжување на преговорите за името
• ја осудуваат владата на САД и западноевропските влади за закана за повлекување на "поддршка" за Македонија, барајќи да го смени своето име

Конечно, ММДЧП и АМКЧП упатуваат повик до секој Македонец, организација и поединец да се потпишат на кампањата „Нашето име е Македонија".
www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia

Молчењето не е опција. Нашето име е Македонија.

###

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting