Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

Повик за акција: ММДЧП бара итна оставка од расистичкиот пратеник на Либералите, Џим Каригианис

8 март, 2011

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Писмо од ММДЧП објавено во Embassy Newspaper - Македонците бараат оставка од Каригианис (.pdf)
Интернет статија - Embassy (Канадски неделник за надворешна политика)

Jim Karygiannis Торонто, Канада - Пратеникот на Либералната партија на Канада, Џим Каригианис во едно предавање под наслов "Вовед во елинизмот" на Универзитетот во Торонто, на 5 март 2011 година, упати голем анти-македонски говор на омраза. Фалејќи го предавањето кое се вклопува во грчката политика на негирање на постоењето и прогонување на своето големо македонско малцинство и кое што се стави во одбрана на грчкото бомбардирање на македонските цивили за време на Граѓанската војна во Грција, Каригианис повторно Македонците ги нарекуваше "Скопјани". Ова е термин кој се користи од страна на Грција за да го негира етничкиот идентитет на Македонците и кој што потсетува на ужасната кампања од страна на Грција, на минатото и сегашноста, на етничко чистење и насилно асимилирање на големото македонско малцинство.

Каригианис советуваше еден од гостите кои што говореа на предавањето, Христос Карациос, да испрати писмо до пратениците на канадскиот парламент и да им порача "... дојди и објасни им на моите колеги што е тоа Грција...". Тој го обвини премиерот Харпер дека ги изневерил грчките Канаѓани со признавањето на Македонија од страна на Конзервативната партија на Македонија.

Дали Либералната партија ќе го казни својот член?

По признавањето на Република Македонија од страна на Канада, во интервју за Globe and Mail (на 21 септември 2007 година) Каригианис ги ословуваше Македонците како "Скопјани". Канадските Македонци беа навредени и Либералната партија беше преплавена со барања Каригианис да биде казнет. Либералната партија го игнорираше овој проблем, па дури и се реши да ја критикува Конзервативната партија за признавањето на Македонија, со цел да и’ се додвори на грчко-канадската заедница.

Иронично, Либералната партија и нивните апологети постојано ја обвинуваат Конзервативната партија за истите тактики што ги користат Либералите. Неодамна федералните и провинциските конзервативци беа критикувани дека се обидуваат да ги придобијат гласачите од етничките заедници и за врски со забранети сепаратистички групи. Сепак, познато е дека додворувањето кон етничките заедници е специјалитет на Либералите, а пример за тоа е и цврстите врски на Џим Каригианис со озлогласените Тамилските тигри, класифицирани од страна на канадската влада како терористичка организација. Парадоксално е и тоа што Каригианис е Придружен член на Комитетот за правда и човекови права.

Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) бара од канадски политичари, без оглед на партиската припадност, да побараат итна оставка од Џим Каригианис.

Воедно ги повикуваме и сите загрижени Канаѓани да го направат истото преку долуобјавените контакт информации. Присуството на Џим Каригианис во Парламентот е навреда за традиционалните канадски вредности.


Членови на Парламентот
http://webinfo.parl.gc.ca/MembersOfParliament/MainMPsCompleteList.aspx?TimePeriod=Current&Language=E

Либерална партија на Канада
81 Metcalfe Street, Suite 600
Ottawa, Ontario
K1P 6M8
Телефон: (613) 237-0740
Факс: (613) 235-7208
info@liberal.ca

Конзервативна партија на Канада
#1204 - 130 Albert Street
Ottawa, Ontario
K1P 5G4
Бесплатно јавување: (866) 808-8407
Телефон: (613) 755-2000

Партија на новите демократи на Канада
300 - 279 Laurier West
Ottawa, Ontario K1P 5J9
Telephone: 613-236-3613
Бесплатно јавување: 1-866-525-2555
Факс: 613-230-9950
TTY: 1-866-776-7742

Партија на зелените на Канада
305-75 Albert Street
Ottawa, ON K1P 5E7
Бесплатно јавување: 1-866-868-3447
Телефон: (613) 562-4916
Факс: (613) 482-4632
info@greenparty.ca
leader@greenparty.ca

Блок на Квебек
3730, boul. Cremazie Est
4e etage
Montreal (Quebec)
H2A 1B4
Телефон: 514 526-3000
Факс: 514 526-2868

###

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации, посетете ја www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting