Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ОМО „Илинден“ - ПИРИН, АМКЧП и ММДЧП ја поздравуваат посетата на Бугарија од страна на независниот експерт за малцински прашања во Обединетите нации

7 јули, 2011

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Геј Мекдугал Благоевград, Мелбурн, Торонто - ОМО „Илинден" - ПИРИН, политичка партија на македонското малцинство во Бугарија, Австралиско-Македонскиот Комитет за човекови права (АМКЧП) и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ја поздравуваат посетата на Геј Мекдугал, независниот експерт за малцински прашања во Обединетите нации која што оваа недела престојува во Бугарија.

Денес, независниот експерт се сретна со претставници на македонското малцинство во земјата. Делегацијата се состои од: Стојко Стојков, ко-претседател на ОМО „Илинден" - ПИРИН, Стахил Тупалски, член на Централниот совет на ОМО „Илинден" - ПИРИН, Стојан Герасимов од Здружението на репресираните Македонци и Георги Христов, главниот уредник на про-македонскиот весник, Народна Волја.

Средбата им овозможи на македонските организации документирано и непосредно да го информираат независниот експерт за проблемите со кои што се соочува македонското население во Бугарија. Од страна на г-ѓа Мекдугал биле поставени бројни прашања и според македонските претставници, таа покажала добро разбирање за проблемите на македонското малцинство.

Во име на ОМО „Илинден" - ПИРИН, Стојко Стојков на независниот експерт и’ поднесе извештај за статусот на македонското малцинство во Бугарија, како и документ со нотирани неправилности при последниот пописзаедно со декларацијата издадена од страна на македонските организации во Бугарија, во која тие се изјаснуваат дека нема да ги признаат резултатите од пописот.

Во моментов бугарската држава не го признава постоењето на посебна македонска етничка група и активно политички ги прогонува поединците и организациите кои што сакаат да изразат таков идентитет. Една таква организација е ОМО „Илинден" - ПИРИН, политичка партија основана на 28 февруари 1998 година и со седиште во југозападниот дел на Бугарија, во Пиринско. На 29 февруари 2000 година бугарскиот Уставен суд ја прогласи партијата за неуставна и ја укина. Сепак, во 2005 година Европскиот суд за човекови права пресуди дека забраната е во спротивност на Европската конвенција за човекови права и наредил веднаш пререгистрација на партијата. После таа пресуда, партијата се обиде во три одделни прилики да се пререгистрира, но сепак, сите апликации беа отфрлени од страна на бугарските власти. Ова негирање на правото на слобода на здружување е забележано од страна на бугарскиот Хелсиншки комитет, како и од неколку меѓународни тела за човекови права како што се Советот на Европа, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и од Европскиот парламент.

АМКЧП / ММДЧП континуирано бараат од Бугарија повторно да ја регистрира ОМО „Илинден" - ПИРИН и да го признае македонското малцинство во земјата. Истовремено, со оглед на тоа што постојано бараме од меѓународната заедница да и’ наложи на Бугарија да ги исполни своите обврски во остварувањето на човековите права, се надеваме дека посетата на независниот експерт ќе доведе до промена во политиката на бугарската влада. Имено, Бугарија мора да дозволи признавање на Македонците и другите малцинства, во согласност со меѓународните стандарди, како што е Декларацијата на ОН за правата на припадници на малцинствата и на Советот на Рамковната конвенција на Европа за заштита на националните малцинства.

На денешната средба, организациите од македонското малцинство, меѓу другото, на независниот експерт и’ препорачува:

• Бугарија официјално го признае постоењето на посебен македонски идентитет, македонски јазик и да им даде целосен малцински статус на Македонците во Бугарија.

• Бугарија правно да обезбеди опсегот на примената на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства да важи и за македонското малцинство.

• Бугарија да постапи согласно пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот на ОМО „Илинден" - ПИРИН и другите против Бугарија, пресуда од 20/10/2005, конечна на 20/01/2006 и повторно да се регистрира ОМО „Илинден" - ПИРИН како што се бара во рамките на Европската конвенција за човекови права.

• Бугарската влада да формира независна комисија за да ги испита наводите за дискриминација, малтретирање и прогон на припадниците на македонското малцинство во Бугарија.


ОМО „Илинден" - ПИРИН, АМКЧП и ММДЧП бараат од бугарската влада да пристапи конструктивно со независниот експерт на ОН и со организациите на македонското малцинство да работи на спроведување на препораките кои ќе бидат презентирани од страна на Советот за човекови права при ОН, на крајот на годината.

###

ОМО „Илинден" - ПИРИН е политичка партија која што ги подржува правата на македонското малцинство во Бугарија. Нејзиното делување е забрането, иако во 2005 година Европскиот суд за човекови права пресуди дека со таа одлука се прекршува Европската конвенција за човекови права. За повеќе информации, ве молиме постете ја страницата
www.omoilindenpirin.org.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации, посетете ја www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting