Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
Иглбергер: Грција нема историско право да го спори името на Македонија

23 септември, 2010

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Лоренс Иглбергер Непотребен и неоснован е спорот околку името на Република Македонија, бидејќи таа така се нарекуваше и во рамките на поранешна Југославија и тоа не предизвикало никакви проблеми, оценува поранашниот државен секретар на САД Лоренс Иглбергер.
- Земјата која сега се нарекува Македонија беше нарекувана така и за време на нејзиното постоење како република во рамките на поранешна Југославија. Дали овој факт доведе до сериозни проблеми меѓу Грција и Југославија или меѓу Грција и Југословенската Република Македонија? Имаше недоразбирања кои се заискруваа повремено, но тие никогаш не стигнаа до точка на закана по мирот во регионот. И зошто би ескалирале до таму? Има ли нешто по незрело и по будалесто од „уценувањето“ на една нација преку тоа што и се негира членство во меѓународните организации, чија цел е да го чуваат мирот и да ги штитат своите членови од агресија од страна на нечленовите, вели Иглбергер во интервју за програмата „Гласот на народот“ на телевизијата НТВ, дадено на негово барање, поради како што вели, агресивната кампања на грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас на маргините на Генералното собрание на ОН.

Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја.
- Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на сировини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротиставување, чиј резултат бил страотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт, истакнува Лоренс Иглбергер.

Тој додава дека поради ваквите факти, тешко му е да ја прифати валидноста на грчкото барање за сопственост врз името Македонија.
- Античките Грци никогаш не се залагале да тврдат дека Македонија е нивна и никогаш не ги прифатиле ниту Филип, ниту Александар како нивни легитимни владетели. Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и затоа нема никаква фактичка основа, истакнува поранешниот висок функционер во Стејт Департментот.

Иглбергер јавно ги изразува своите симпатии за македонскиот народ, иако, како што вели, сфаќа дека не е мудро и е опасно за еден странец да се вмешува во внатрешните работи на две други држави.
- Но, моето воодушевување за силата на карактерот која македонскиот народ го покажа за време на оваа дебата го оправдува фактот што јас заземам страна, истакнува Иглбергер.

Извор:
Новинска агенција МИА

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting