Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

АМКЧП/ММДЧП ќе отпочнат со кампања за поднесување на тужби против Грција за повраток на одземените државјанства и имоти на Македонците од Грција

23 април, 2010

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Deca Begalci Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) и Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) од Канада, во соработка со Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија од Мелбурн и Викторија, Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија од Канада и македонските бегалски здруженија во Република Македонија, ќе отпочнат со кампања за поднесување на тужби против Грција за повраток на одземените државјанства и имоти на Македонците од Грција.

Која е целта на акцијата?
Целта на оваа акција е да се постигне враќање на грчкото државјанство и имотот на поранешните грчки државјани коишто се идентификуваат како Македонци. Општата стратегија ќе биде најпрво да се покренат постапки со индивидуални барања за враќање на државјанството и имотот преку грчкиот правосуден систем. Во случај на негативен исход, потоа предметот ќе биде упатен до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Зошто ова е важно?
Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) и Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) од Канада, Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија од Мелбурн и Викторија, Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија од Канада и македонските бегалски здруженија во Република Македонија, сметаат дека ова е исклучителна важна акција, бидејки ова е уште еден начин да се потенцира постоењето на Македонци од Грција и конечно да се дојде до признавањето на злосторствата од минатото од страна на Грција и Европа. Има повеќе можни придобивки од оваа акција, меѓу кои најважните се враќање на неправно одземеното државјанство со што апликантот ќе го добие правото непречено да го посетува родното место и правото да гласа на грчките и европските избори. Исто така апликантот може да си го поврати сопствениот конфискуван имот или да добие финансиска оштета за одземениот имот и државјанство. Важно е да се забележи дека во минатото имаше слични апликанти од други малтретирани групи каде што финансиската оштета беше голема. Но мора да се потенцира дека во вакви судски постапи нема гаранции дека ќе се случи истото со нашите случаи.

Дали треба апликантите да се откажат од австралиско/канадско државјанство?
Не. Во случај на враќање на грчкото државјанството, барателите нема да се откажат од своето автралиско или канадско државјанството. Грчките, австралиските и канадските закони дозволуваат поседување на двојно државјанство.

Како ќе се спроведе акцијата?
Правен тим, составен од искусни адвокати и експерти за човекови права од Грција, е согласен да ги преземе случаите. Откако ќе почне акцијата, барателите ќе мораат да потпишат документи/договори со нив. Исто така мора да се знае, дека има адвокатски трошоци што апликантот ќе мора да плати.

Која е улогата на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) и Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) од Канада?
Улогата на нашите организации во оваа акција е да ги кординира односите помеѓу барателие и адвокатите, и да помогне во прибирање на потребната документација.

Колку време ќе трае судската процедура?
Во врска со временската рамка, во најдобриот случај ако грчките судови донесат одлука во корист на барателите, целата постапка може да трае околу една година. Меѓутоа, најверојатниот исход е дека грчките судови нема да донесат одлука во корист на барателите и во тој случај предметите ќе бидат упатени до ЕСЧП. Ако се разгледуваат предметите во рамките на ЕСЧП, целата постапка би траела околу седум години пред да се дојде до конечна одлука (значи пет години во Грција – максималниот рок дозволен од грчките закони за исцрпување на можните правни лекови и околу две години пред да се добие одлука од Стразбур).

Кои документи треба да достават апликантите?
(1) Пополнет прашалник (овој документ ќе биде обезбеден од аквокатите)
(2) Копија од уверението за австралиско/канадско државјанство или пасош.
(3) Полномошно за адвокатите потпишано од барателот (документот ќе биде обезбеден од страна на адвокатите).
(4) Договор потпишан помеѓу барателот и адвокатите (овој документ ќе биде обезбеден од адвокатите).
(5) Секоја документација која ја докажува врската помеѓу грчкото име и презиме на барателот и неговото сегашно име и презиме (ако се разликува од грчкото). На пример, документ како уверение за промена на неговото име кај австралиските власти или документите доставени од лицето при пристигнувањето во Австралија/Канада. За лицата кои пристигнале во Австралија/Канада со македонско име и презиме, адвокатите ќе обезбедат две свечено дадени изјави (заклетви) од лица во нивното село во Грција со кои ќе се потврди дека на пример „Петре Николов“ и „Петрос Николас“ се истата личност.
(6) Било кои официјални грчки документи кои барателот ги поседува во врска со грчкото државјанството, грчките пасоши или лични карти, одземање на грчкото државјанството, тапии (имоти листови).


Поединци во Мелбурн кои мислат дека ќе можат да учествуват во оваа акција, се поканети да присуствуват:
Grand Neret Receptions, 19 Salicki Ave, Epping
Вторник, 4-ти мај 2010
6:00 навечер


Поединци коишто не живеат во Мелбурн се замолени да се обратат на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права,
Тел: (03) 9329 8960 или
macedonian_rights@hotmail.com.

Поединци коишто живеат во Канада се замолени да се обратат на Меѓународното македонско движење за човекови права,
Тел: +1 416-850-7125 или info@mhrmi.org.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting