Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП / АМКЧП - Соопштение за медиумите

Грција го моли Барак Обама да го поништи признавањето на Македонија - врз основа на “факти“ од пред 2000 години

25 мај, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Барак Обама Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија - “Грција не е во позиција да диктира било што базирајќи се на историја. И што е уште поважно, треба ли во денешно време да се раководиме на основа на произволна интерпретација на античката историја?“
(Писмо од ММДЧП до Хил Тајмс)

Со огромна доза на очај, таканаречените “научници од грчко-римската антика“ (грчката дијаспора и “подржувачите“) му испратиле писмо на Барак Обама на 18 мај, 2009 година, молејќи го “да интервенира со расчистување на историските рушевини кои што беа оставени во Југоисточна Европа од страна на претходната американска администрација.“ Или со други зборови, да ја поништи одлуката за признавање на Република Македонија.

Смешно. Незрело. Сигурно научниците од грчко-римската антика можат да смислат и некои други придавки. А кога веќе почнале, можеби некој и ќе се запраша зошто претседателот би ја заснивал неговата надворешна политика на “фактот“ дека “Таткото на Александар, Филип, извојувал неколку коњанички битки на Олимпија и Делфи, двете најголеми грчки светилишта во Стара Грција.

Згора на се', имињата на многу негрчки научници кои што наводно се “потпишале“ на писмото, ставени се без нивна дозвола. Уште еден “низок удар“ во грчката војна за барање аргументи.

Не е никакво изненадување тоа што повеќе од 120 земји го игнорираат грчкиот ирационален став за прашањето со името и што ја признаа Македонија под нејзиното уставно име. Грција иницираше бесмислен спор за името за да може да продолжи со нејзината политика на непризнавање и угнетување на своето многубројно македонско малцинство.

Поради прашањето со името, Грција стави вето за влезот на Македонија во НАТО, поради угнетувањето на македонското малцинство изложена е на меѓународна осуда, од страна на Европскиот суд за човекови права во повеќе наврати е осудена за кршење на човековите права на мацинствата, а и во неодамнешниот извештај на Обединетите Нации беше изложена на остри критики поради бесрамно непочитување на малцинските права и беше побарано неодложно признавање на македонското и турското малцинство.

И не е чудно што Грција се фокусира на античката историја.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting