Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Шест децении од крајот на Граѓанската војна во Грција

31 март, 2009

Отпечати ја страницата

Шест децении од Граѓанската војна во Грција Граѓанската војна еден ден треба да заврши и за нас, а тоа ќе се случи тогаш кога грчките власти без предрасуди и дискриминаторски закони ќе им дозволат на некогашните учесници, но и протерани деца кои не се Грци по род слободно да ја посетуваат Грција. Продолжуваме и бараме дијалог во рамките на меѓународните и правните норми ова право што го оспорува Грција да биде сфатено од Европа, која конечно „мора да чуе, а не само да слуша“.

Ваква порака беше упатена вчера од Академијата во Домот на армијата во Скопје, со која беа одбележани 60 години од трагичниот крај на Граѓанската војна во Грција. Илјадници Македонци од Егејска Македонија учествуваа во Граѓанската војна (1946-1949) во редовите на Демократската армија на Грција, а над 20.000 деца беа „евакуирани“ пролетта 1948 година на кои денес како не Грци по род им се оспорува правото на државјанство, на имоти, па дури и слободно патување во Грција.

Архимандритот Никодим Царкњас, поборник на правото на вероисповед на македонски јазик во Грција, ги повика присутните да им се оддаде почит на загинатите за време на војната, но и на оние кои расфрлени низ светот никогаш не успеаја да се вратат во родните градови и села. „Се радуваме дека доживеавме да видиме слободна и самостојна Македонија и очекуваме во една обединета Европа сите граѓански права да ги остварат и Македонците во Грција“, рече Царкњас. Партијата Виножито со писмо го поздрави собирот што го организираше Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија и Секцијата на Првата македонско-егејска ударна бригада.

„Работите се движат во добар правец“, оцени Георги Доневски од Сојузот, кој за новинарите изјави дека паралелно со барањата упатени на адреса на релевантни меѓународни институции за укинување на дискриминаторските закони во Грција, во грчките судови почнуваат процеси поврзани со имотите на протераните Македонци од Грција.

Извор: „Утрински весник“

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting