Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ЕСА-Виножито / ММДЧП / АМКЧП - Соопштение за медиумите

Бесрамен грчки расизам емитуван на националната телевизија

20 март, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Alter TV Европската Слободна Алијанса - Виножито / Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Лерин, Грција - “Едноставно покренување на прашањето за македонското малцинство во Грција предизвикува скандалозни реакции кај грчките граѓани и политичари.“ Оваа изјава од ММДЧП беше во целост прикажана на 10 март на грчкиот телевизиски канал “Алтер“, во емисија со наслов “Невидлив свет“.

Членот на Виножито и претседател на грчкиот комитет на ЕБЛУЛ (Европско биро за помалку употребувани јазици) Атанасиос Парисис, членот на ЕСА-Виножито Павле Филипов Воскопулос и членот на Грчкиот хелсиншки монитор Григорис Валианатос ги застапуваа ставовите на “непостоечкото малцинство“, додека членот на парламентот од партијата Нова демократија Јорданис Цамцис, членот на парламентот од партијата ПАСОК Панагиотис Сгоуридис, членот на парламентот од партијата ЛАОС Атанасиос Плеврис и професорот по историја Миксалис Крисантакопулос повеќе ја бранеа официјалната грчка позиција, напаѓајќи ги активистите за малцински права, отколку да го признаат нивното суштинско постоење.

Емисијата започна со заговорната теоријата на заговор со кој што секојој оној што од страна на Грција препознава кршење на човекови права против Македонците и другите малцинства, дека всушност “дејствува против Грција“. Потоа следуваше обвинувањето за експертот на Обединетите нации за малцински човекови права, г-ѓа Мекдугал, која неодамна побара од Грција да ги признае македонското и турското малцинство, дека е “американски платеник“ и дека посредникот од Обединетите нации Метју Нимиц “работи за Џорџ Сорос“ кој што “измислува малцински проблеми“.

Потоа, со обвинување дека се “платени од Американците“ дискусијата ја пренасочија против членовите на ЕСА-Виножито, а следуваа и лични напади против активистот од македонското малцинство Отец Никодим Царкњас.

Спомнувањето на Македонци предизвикуваше наплив од викотници со изјави дека “не постои македонски јазик“ и дека “тие се опасни“, мислејќи на македонските политички бегалци (сега на возраст од 70 и повеќе години) кои што ја напуштија Грција како деца за време на граѓанската војна во Грција и на кои подоцна им беше одземено државјанството.

Членовите на ЕСА-Виножито и на Грчкиот хелсиншки монитор бараа образование на македонски јазик во јавните училишта, почитување на пресудите против нив од страна на Европскиот суд за човекови права, како и признавање на македонско и турско малцинство во Грција.

Павле Филипов Воскопоулос изјави на емисијата: “Ние веруваме дека државата ќе ги почитува правата на малцинствата... ние, заедно со сите демократи во Грција, мораме да работиме заедно и да се избориме за демократија и би сакал сега да им кажам на нашите луѓе (на македонски јазик): Доста се плашите“!

Македонскиот јазик беше гласно кажан на грчката национална телевизија. Тој постои.

###

Формирана во 1984, ЕСА-Виножито е политичка партија на македонското малцинство во Грција и член на Европската слободна алијанса (ЕСА-ЕПП) и на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).
За повеќе информации, посетете ја страницата
www.vinozito.gr, или контактирајте го ЕСА-Виножито на телефон 0030 23850 46548, или на е-маил: rainbow@vinozito.gr.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting