Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
Писмо на ММДЧП објавено во Хил Тајмс

2 март, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

The Hill Times Извор: Хил Тајмс - 2 март, 2009

Премиерот Харпер ја почитува Македонија

Повод: "Во Харперовата Отава цело време само политика, политика, политика, политика..." (Хил Тајмс, 16 февруари, стр. 22).

Би сакал да одговорам на критиките од Иван Сотиропулос во врска со посетата на Стивен Харпер на македонската заедница.

Делува иронично што г-динот Сотиропулос ја критикува владата на Комнервативците за политичко “подведување“, кога токму Либералите се тие кои што тоа го имаат доведено до совршенство. Владата на Конзервативците направија нешто што претходната влада на Либералите одбиваше да го стори - признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име. На тој начин Канада конечно се придружи на преку 120 други држави кои што веќе го имаа направено тој логичен исчекор. За да им се додвори на своите подржувачи од Грчко-канадската заедница, Либералите го осудија признавањето на Македонија и му дозволи на својот долгогодишен член на парламентот, Џим Каригианис, да објави некои распалувачки коментари за Македонците.

За да ја покаже својата почит кон владата на Конзервативците, македонската заедница ги покани Стивен Харпер и Џејсон Кени да ја прослават 50-годишнината на “Организацијата на обединети Македонци“ од Канада. Тие со задоволство ја прифатија поканата и дојдоа после прославата на Кинеската Нова Година истата вечер.

Но, што е овде спорно? Г-дин Сотиропулос не се согласува со канадското признавање на земја под своето уставно име. Има ли поосновно право од правото на самоопределување?

Или можеби тој сакаше г-дин Харпер да бира кој настан од етничките заедници ќе го посети, вртејќи им го грбот на останатите. Луѓето од македонската заедница се горди Канаѓани и се благодарни на слободата која што им се нуди во оваа земја, после угнетувањата на кои што биле изложени, пред се' од грчката влада.

Меѓутоа, г-дин Сотиропулос не го спомнува кршењето на човековите права со кое што се соочени Македонците поради ксенофобичната политика на грчката влада. Наместо тоа, тој не' враќа во антички времиња и на теми за Александар Македонски во текстот за ова сегашно “дебатирање“. Ирелевантно. Но, ќе му укажеме на г-дин Сотиропулос дека Македонија е таа што постои од античко време, а Грција беше формирана дури во 1930 година.

Грција не е во можност да диктира било што базирано на историјата. Згора на тоа, треба ли да се раководиме денес на основа на произволна интерпретација на древната историја?

Бесмислениот спор за името е инициран од Грците со цел да ја продолжат својата политика на непризнавање и прогонување на своето бројно македонско малцинство.

Г-дин Сотрирополус се осврнува на Организацијата на обединети “Македонци“, а не може тоа да го каже без својата признаена предрасуда, па мора да каже Македонци во наводници. Омаловажувањето на Македонците од страна на г-дин Сотиропулос е бедно и иронично. Пред две децении не ни смееше да го спомне името Македонија на грчки бранител без емотивна дебата за постоењето на Македонија. Навистина е чудно сега тие да тврдат дека “Македонија е грчка“.

Бил Николов
претседател

Македонско меѓународно движење за човекови права
Торонто, Онтарио

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting