2887 Македонската Aлијанса очекува позитивни резултати на изборите во Албанија 28 Јуни, 2009 2887 Едно пратеничко место во Корча и едно во Тирана. Тоа се очекувањата на членовите на Македонската алијанса за европска интеграција од парламентарните избори во Албанија. Македонците од регионот на Мала Преспа се надеваат на овој резултат со кој за прв пат би имале свој претставник во албанскиот парламент и затоа што нивната партија коалицира со владејачката партија на демократите на Сали Бериша. Партијата на овие парламентарни избори настапува со 76 кандидати во сите 12 изборни единици. Иако е признато само во Мала Преспа, не има и во Корча, Тирана, во Голо Брдо, Горда Балисте, Врбник, рече вчеравечер претседателот на партијата и градоначалник на општината Пустец, Едмонд Темелко на завршниот митинг на кој настапија и естрадни ѕвезди од Македонија. Извор: "Канал 5 Телевизија"