Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП и АМКЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП и АМКЧП добиваат подршка од светски академици за нивниот одговор до Професор Милер

16 јуни, 2009

Read this page in English

Print this page

Daniel Tompkins Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија - ММДЧП и АМКЧП сакаат да известат дека го испративме нашиот одговор до Професор Милер и останатите потписници на писмото до Барак Обама. Истото писмо го испративме и до голем број други академици кои што работат во таа област. Еден од тие академици беше и професор Даниел Томпсон од Универзитетот Темпл во Филаделфија. Ова беше неговиот одговор (обрнете внимание на оној дел во кој што се вели дека многу академици одбиле да се потпишат на писмото од Професор Милер):


До Комитетот:

Чувствувам должност да ви се заблагодарам за писмото кое што е со многу информации, добро аргументирано и интересно. Истото ќе го сочувам и можеби некогаш ќе се повикам на него.

Се разбира дека моите коментари можете слободно да ги препраќате. Некои вебсајтови веќе ги објавија нив, а испратив и писмо до MINA, изложувајќи се на неколку писма на незадоволство од луѓе кои што не се согласуваат. Морам да кажам дека таквите писма беа во многу помал број, а и заостануваа во квалитет во однос на оние со позитивен коментар. Дозволете ми да ве информирам и дека основната верзија на моето писмо постојано го ажурирам со нови сознанија до кои што доаѓам.

Подолу е писмото кое што го испратив до британските класици кое што вие можеби ќе сакате да го користите, а кое што се однесува на една дебата на блогот за Археоастрономија. Истото наиде на многу добри реплики од многу квалификувани професионалци. Ве молам обрнете внимание на втората реченица: ова за мене претставува многу приципиелно прашање кое што е исто така наведено и во основното писмо. Не би сакал тоа основно писмо да биде менувано, но тоа ќе ви го оставам вам, затоа што вие најдобро го знаете профилот на јавноста на која што се обраќате и знаете колку значење треба да му се даде на тоа.

Со најдобри желби,

Ден

__________________

13 јуни

До: CLASSICISTS@liverpool.ac.uk

Уште од месец март ја следам ситуацијата во врска со писмото на професорот Стефан Милер до претседателот Обама. Иако постојат добри причини да се осуди присвојување на Александар Велики во националистички цели од страна на било која држава, писмото наместо да се задржи на научни основи, авторот и потпишувачите на неговото писмо заземаат страна во еден актуелен меѓудржавен спор на Балканот и затоа сметав дека треба да одговорам. Го направив следново:

http://astro.temple.edu/~pericles/Letter.htm

со дополнителни коментари на вебсајтот на Alun Salt's Archaeoastronomy:

http://archaeoastronomy.wordpress.com/2009/05/29/macedonia-from-bad-to-worse/#comment-39246

Во оваа фаза од дискусијава, дозволете ми да повторам дека најважниот е-маил што го добив во изминативе две седмици доаѓа не од професори, туку од жртви, или подобро кажано, од внуци на жртви кои што биле убиени или измачувани на двете страни, идентично ужасно, во периодот од 1940-1949 година. Овие тажни постови ги отсликуваат нивните долготрајни маки. Болката на мачените луѓе во семејството, која што се пренесувала од генерација во генерација, сеуште се чувствува и им пречи на обидите за добра анализа и аргументиран пристап кон овој проблем. Наоѓање на решение за проблемите отсликани во овие спомени кои што се длабоко врежени кај луѓето од двете страни на границата, го сметам за вистински предизвик за двете страни. Би сакал да видам решение на овој проблем, без дополнителни болки.

Како дополнение на критиките, од кои некои ги имам користено во прегледите - Од моментот кога го постирав моето писмо, добив неколку позитивни коментари, а повеќето од нив беа од видни експерти кои што работат во оваа област и кои што одбиле да го потпишат писмото на Професор Милер, но и од некои кои што работат во областа на модерната грчка историја. Од повеќе аспекти, сметам дека ова писмо најголем ефект ќе постигне доколку се објави во Билтенот за модерни грчки науки кое што го издава Здружението на модерни грчки науки од САД. Овој билтен има објавено бројни сериозни критики од страна на грчки, британски и американски експерти, од иста екстремна националистичка линија која што ја застапува и професорот Милер: многу тажно е што ниту авторот, ниту потпишувачите на неговото писмо не покажуваат дека се свесни за ова. (Ниту пак оставаат впечаток дека имаат познавање во однос на етничкиот развој, својствено за научници кои што работат во нашата област, како и во модерните грчки науки.)

Заинтересиран сум да видам мислење од членовите на оваа листа, ако некој сака да пише.

Искрено ваш,

Ден Томпкинс
Темпл Унивезитет
pericles@temple.edu

__________________

ММДЧП и АМКЧП и натаму добиваат подршка од академскиот свет за нивниот одговор до Професор Милер

Само што ја добивме следнава порака од американскиот антропологист, Професор Лоринг Данфорт од Бејтс колеџот во Левистон, држава Мејн:

Драги членови од ММДЧП и АМКЧП:

Ви благодарам што ми го испративте вашиот одговор на писмото од професорот Милер. Мислам дека е одличен. Имате напишано многу интелигентен и добро научно-подржан преглед за историјата на македонското прашање. Исто така имате презентирано прецизен преглед на актуелната политичка ситуација во поглед на македонското малцинство во Грција и проблемот со признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име. Мислам дека писмото од професорот Милер е многу проблематично. Се сомневам дека луѓето што се имаат потпишано на писмото не се во целост свесни за политичките мотиви поради кои што е создадено тоа писмо.

Искрено ваш,

Лоринг Данфорт

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting