Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Канадскиот премиер Харпер гостин на “Обединети Македонци” на “Гоцевата вечер”

15 февруари, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Harper attends United Macedonians organization Традиционалната “Гоцева вечер” во организација на “Обединети Македонци”, оддржана во рамките на 50-годишнината од основањето на организацијата, се оддржа во сабота, 7 февруари, во Климентовата сала при МПЦ св. “Климент Охридски” во Торонто. Петстотината присутни беа почестени со присуството на канадскиот премиер Стивен Харпер. Премиерот Хрпер е прв канадски премиер да присуствува на настан организиран од “Обединети Македонци” и прва посета на првата и најголема МПЦ во Канада. Пред катедралата св. “Климент Охридски”, претседателот на Организацијата Обединети Македонци во Канада, Драги Стојковски, го пречека Премиерот. По разгледување на прекрасниот живопис, премиерот Харпер се потпиша во златната книга. Огромен излив на емоции го пречекаа премиерот кога влезе во салата. Секој сакаше да се поздрави со него, да му се заблагодари лично за признавањето и да се слика покрај него.

На прославата имаше и други гости од Канада како Министерот за државјанство, емиграција и мултикултура, Џејсон Кени, додека македонската страна беше претставена од двата пратеника Влатко Џорчев и Александар Николоски, како и Мартин Треневски, Генерален конзул на Република Македонија во Торонто.
Во својот говор, претседателот на Обединети Македонци, Драги Стојковски, зборуваше за важноста на Гоцевата вечер и за 50-годишнината на Организацијата. Од името на сите канадски Македонци, како и од сите Македонци ширум светот, Стојковски се заблагодари на премиерот Харпер за признавањето на историското и уставно име на Македонија во 2007 година. Тој го охрабри премиерот да ги прошири трговските и културни врски со Република Македонија и да отвори канадска амбасада во Скопје. Стојковски го пофали канадскиот милтикултуризам и ги охрабри македонските соседи, Грција и Бугарија, да научат лекција од Канада.

Пред да го најави премиерот, министерот Кени аборуваше за уделот кој канадските Македонци го дале за Канада.
Канадскиот премиер се заблагодари на 500-те присутни со македонскиот збор “благодарам”. Премиерот Харпер беше задоволен од топлиот пречек и изрази задоволство за добрите односи помеѓу Канада и Република Македонија.
Македонскиот премиер Груевски испрати поздрав до прославата, кој беше прочитан од Стојковски. Во поздравот Груевски ја испрати “личната благодарност и благодарноста на македонскиот народ до премиерот Харпер и канадската држава, за целосната подршка која оваа пријателска држава ни ја дава на полето на европски и евро-атлантски интеграции, како и признавањето на нашето уставно име, Република Македонија.”

Пред заминување, премиерот Харпер му врачи на претседателот на “Обединети Македонци”, Драги Стојковски, повелба во чест на 50-годишниот “труд да се збогатат животите на Канаѓаните од македонско потекло, преку информирање на заедницата и прославување на вашето гордо наследство и традиции.” Возврат, како знак на чест кон премиерот и благодарност за признавањето на македонското име, Стојковски му врачи на Харпер релјев со Александар Македонски во една од неговите победоносни битки, додека македонскиот хокејарски тим “Македонски лавови” му врачи на Харпер маица со неговото презиме.
Други говорници беа Мартин Треневски, генералниот конзул на Република Македонија во Торонто и пратениот во македонското Собрание, Влатко Џорчев. Исто така, прочитана беше поздравната телеграма од “Сојузот на здруженијата од егејскиот дел на Македонија - Скопје”.

Од Службата за известување на “Обединети Македонци”

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting