Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Прв конгрес на "Македонска партија" во Албанија

26 април, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Македонска партија Македонската алијанса за европска интеграција, формирана на 30 октомври 2004 година, вчера во Тирана го одржа првиот конгрес на кој беше преименувана во Македонска партија.

За прв претседател на партијата, со 80 гласа од присутните 121 делегат е избран Едмонд Темелко, актуелен градоначалник на општина Пустец и претседател на Регионалната организација на Партијата за Мала Преспа. Негов противкандидат беше Таќо Гроздани, претседател на Регионалната организација на Партијата за Корча. Беа усвоени Статут и Програма за работа на Македонската партија, формиран Централен комитет и донесени одлуки за формирање регионални организации на партијата.

Темелко изјави дека изборот на делегатите за него е голема чест, но и одговорност и предизвик. - Треба повеќе да се ангажирам околу натамошното делување на партијата, завршување на активностите за организирање на партијата и учество на Парламентарните избори во Албанија, за да навистина се оправда оваа доверба, рече Темелко, најавувајќи оти денеска формираниот Централен комитет на партијата треба да избере двајца потпретседатели, еден од областа Гора и еден од Голо Брдо.

- Така заедно ќе бидеме поединствени. Не сме голема партијата за да се делиме, забележа Темелко и додаде дека Централниот комитет исто така треба да одлучи и за тоа со која од двете најголеми албански политички партии, владеачката демокрастка или опозициската социјалистичка партија Македонската партија ќе коалицира на претстојните парламентрани избори во Албанија закажани за 28 јуни.

На Конгресот, покрај делегатите од сите делови на Албанија во кои живеат Македонци присуствуваа и бројни гости, претставници на македонски здруженија и асоцијации од Република Македонија, Грција, САД...

Во име на македонската Влада на Конгресот се обрати заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров, кој и посака натамошни успеси на партијата како прва македонска политичка партија во странство.

Петров го истакна историското значење на овој настан, како за Македонците во Албанија, така и за Македонците во другите соседни земји, дијаспората и во Македонија. - Настанот е силен продонес во зачувувањето на името, националниот идентитет, јазик и култура, нагласи заменик-министерот за надворешни работи.

Значењето на Конгресот на МАЕИ го истакна и амбасадорот на Македонија во Албанија, Благородна Мингова-Крепиева. Таа оцени дека Макеоднската алијанса за европска интеграција остварувајќи ги своите програмски цели, во Албанија демонстрира демократска политичка партиципација во духот на рамноправноста, соработката, европските норми и развој гради уште еден мост во контекст на добрососедството и пријателството меѓу Македонија и Албанија.

Извор: МИА

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting