САД ја критикува Грција за непочитување на правата на малцинствата
Во Северна Грција постои малцинство кое што зборува "македонски дијалект” наведува државниот департмент на САД во овогодинешниот извештај за човекови права, пишува весникот "Та неа”. Во овој документ САД упатува критики кон грчката страна за ограничување на правата за самоопределување на малцинствата, посочувајки го за пример малцинството во Тракија.Според САД сите кои се определуваат како турско малцинство во Грција се среќаваат со проблем. Се наведува и дека Грција не го признава македонскиот дијалект кој се зборува во Северна Грција.
Грција признава дека на својата територија има само муслиманско население.
