Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП - Соопштение за медиумите

Грција ги интензивира бесрамните напади врз активистите за човекови права и врз македонското малкцинство

18 октомври, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Greek Military Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ја осудува грчката брутална тактика во судирите помеѓу припадниците на македонското малцинство и грчката војска во близина на селото Лофи/Забрдени, во Северна Грција.

На 13 октомври грчката војска со тенкови и други оклопни возила се обидела да изведе вежба со тешка артилериска стрелба непосредно до македонско село, но жителите на Лофи/Забрдени и од околните села го блокирале патот, барајќи да нема пукање со тешка артилерија. Пристигнала специјална полициска единица која, како што известија од “Виножито“, користела “методи слични на седумгодишната Метаксас диктатура“, со напади кон селаните и “со кршење на раце и нозе, насилно влечење на жени и деца од улица“, а уапсиле и осум лица, вклучувајќи ги претседателот на општинското собрание на Лофи/Забрдени, господинот Коле Митскопулос, како и четири новинари од Република Македонија.

Во текот на следните неколку часа се собрале неколку стотици жители, барајќи итно ослободување на уапсените, како и повлекување на тенковите и специјалните полициски сили. Подоцна истиот ден, новинарите биле ослободени и со придружба спроведени до граница за да се вратат во Република Македонија. Следниот ден, во раните утрински часови, ослободени се и четворицата луѓе од селото, без покренување на тужба, и со ветување дека нема да биде изведена планираната вежба со тешка артилерија.

После овој инцидент, следува нова истрага за поднесената тужба на почетокот од годината против водечкиот активист за човекови права во Грција, Панајот Димитрас. После посетата на Северна Грција од страна на независниот експерт од ОН, Геј Мекдугал, портпаролот на Грчкиот хелсиншки комитет даде изјава за ББЦ на македонски јазик, во кое што го повтори ставот дека Македонците, како и другите малцинства во Грција, не се признати и дека се прогонувани.

Како што истакнува г-дин Димитрас, “...И Европскиот Совет и ОН и' препорачаа на Грција да го смени својот однос, но Грција нема преземено ништо на тој план. Дури состојбата е и уште полоша. Ние не менуваме ништо, затоа што и нема од што да се плашиме. Нема никакви санкции против Грција, освен што ги изгубивме процесите во Европскиот суд за човекови права, но Грција и тие пресуди ги игнорира. Во оваа држава, доколку зборувате за малцинства, самите си барате незгода. И работите ќе си останат такви се' додека Грција не се соочи со вистински санкции“.

Во април 2008 година, Грција стави вето за влез на Република Македонија во НАТО, само затоа што не го прифаќа уставното име на Македонија. Грција покрена т.н. “спор со името“ со цел да продолжи со својата политика на непризнавање и прогонување на своето големо македонско малцинство.

“Грција продолжува да манифестира крајно непочитување на меѓународните закони за човекови права, заради сопствена националистичка агенда. Меѓународната заедница мора да делува сега, пред состојбата на Македонците, на другите малцинства во земјата и на борците за човекови права да се влоши уште повеќе“, изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

ММДЧП бара да бидат преземани санкции против Грција, се' додека официјално не го признае своето македонско малцинство и не ги прифати сите пресуди донесени против неа од страна на Европскиот суд за човекови права.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting