Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП и ОМД - Соопштение за медиумите

ММДЧП и ОМД го повикуваат НАТО да ја прими Македонија

12 март, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

НАТО Македонско меѓународно движење за човекови права и Обединета Македонска Дијаспора - Соопштение за медиумите

Вашингтон, 12 март 2008 – Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) денес го повикаа НАТО да ја покани Република Македонија да и’ се придружи на Алијансата на Самитот во Букурешт, во април, и да не ги прифати грчките обиди да го попречат македонскиот влез. Членството на Македонија во НАТО е силно подржан од многу нејзини членки и ќе обезбеди мир и стабилност на Балканот, особено по неодамнешното прогласување на независност од страна на Косово кое што сеуште одекнува во регионот.

"Македонија ги исполни сите услови за влез во НАТО и докажа дека ги извршува обврските спрема Алијансата, учествувајќи со успех во мисиите во Авганистан и служејќи како клучна точка на НАТО за интервенциите во Косово. Со своите активности, напори и ангажмани, Македонија го заслужи своето место во НАТО", рече претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Грција се заканува да го блокира влезот на Македонија во НАТО доколку Македонија не се согласи со грчките барања да го смени своето уставно име. Сепак, преку 120 држави веќе ја имаат признато Македонија под нејзиното уставно име, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, Русија и Кина.

Исто така, Грција правно не може да стави вето на Македонскиот влез во НАТО без да ја прекрши Точка 11 од Привремената спогодба меѓу Грција и Македонија потпишана во 1995 година, во Обединетите Нации, каде што е напишано дека: "Првата страна се согласува да не приговара на апликацијата или на членството на Втората страна во меѓународните, мултилатералните и регионалните организации и институции на кои првата страна веќе е членка."

Претседателот на ММДЧП Бил Николов изјави: "Овозможувањето на Грција да ги реализира нејзините закани може да има опасни последици. Спорот со името е дипломатска игра на Грција за да се оттргне вниманието од третманот што го има кон своето големо македонско малцинство. Европската Унија, Обединетите Нации и НАТО треба веднаш да ја признаат Македонија под своето уставно име и еднаш за секогаш да стават крај на оваа бесмислена дебата.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Обединетата македонска дијаспора е формирана во 2004 година и е меѓународна, невладина и непартиска организација која се грижи за интересите и потребите на Македонците и македонските заедници во светот. За повеќе информации, ве молиме контактирајте ја ОМД на 202-294-3400 или info@umdiaspora.org.


 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting