Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


За првпат отворено егејското прашање

28 јуни, 2008

Отпечати ја страницата

Нимиц и Груевски Преговарачот Метју Нимиц на оваа посета на регионот со идеи, кои беа разгледувани со премиерот Никола Груевски, а потоа и со претседателот Бранко Црвенковски. Ќе биде напорно лето, треба да се работи континунирано, а кога говорам за предлог, мислам на идеи, а не секогаш на формален предлог, документ, изјави Нимиц. На овие средби на посредникот, освен идеите кои тој ги претставува на надлежните во Скопје и Атина, овојпат за време на вчерашната средба премиерот Груевски го отвори т.н. егејско прашање. Значи, за првпат од постоењето на Македонија во разговорите преку посредникот Нимиц за спорот за името со Грција беше отворено ова прашање. На средбата Нимиц-Груевски се бараше решение и меѓународно посредување за прашањето на имотите на протераните Македонци од северна Грција, право на двојно државјанство, непречена посета на родните места од кои се протерани, како и културно и образовно организирање на Македонците во северна Грција согласно стандардите на Европската унија, ООН и ОБСЕ.

Посредникот Нимиц по средбите изјави и дека двете страни сакаат што побрзо да заврши процесот и додаде "нема да го правам ова ако не мислам дека има начин за решение". Тој не сакаше да открие за што точно се разговара на средбите, но укажа дека се разговара како за името, така и за други прашања поврзани со името. Според него, референдумот е комплицирано прашање и во неговата земја, но сепак тоа е прашање на самата земја. Нимиц потенцираше дека за да има референдум прво треба да има предлог, а потоа да се оди на референдум. "Ако веќе зборуваме за референдум, тоа ќе значи дека има голем напредок", рече Нимиц.

Коментирајќи зошто има одвоени средби, една со премиерот Груевски, на која присуствува шефот на неговиот кабинет Макртин Протуѓер и министерот за надворешни Антонио Милошоски, а друга со претседателот Црвенковски, каде присуствуваше преговарачот Никола Димитров, Нимиц вели "ако тоа е добро за нив, тогаш е и за мене".

Прашањето за името вчера освен со посредникот Нимиц беше тема и на средбите на претставниците на државниот врв со Розмари Дикарло, висок американски претставник. Се надеваме дека спорот за името ќе се реши што е можно поскоро, подобро денеска отколку утре, за да не се изгуби време и Македонија да може да оди напред, изјави Дикарло, висок претставник во администрацијата на Соединетите Држави кои земјава ја признаа под уставното име во 2004, а Македонија од нив има и голема поддршка во текот на преговорите со Грција.

- Го поддржуваме процесот на преговори под покровителство на Обединетите нации што го води преговарачот Метју Нимиц. Ги охрабруваме сите страни за да се најде брзо решение за спорот со името, бидејќи на самитот на НАТО во Букурешт беше јасно кажано дека се исполнети сите критериуми. Ние сакаме ова прашање да се реши за Македонија да добие покана за Алијансата, изјави Дикарло. Таа оцени дека разговорите продолжуваат, тие се интензивни и додаде "сакаме да видиме решавање на спорот, но мислам дека не постои причина за загриженост".

Извор: Вечер

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting