Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Софија не го слуша Стразбур за ОМО „Илинден” - ПИРИН

14 јуни, 2008

Отпечати ја страницата

Стразбур Надмудрувањето на Бугарија со Советот на Европа околу спроведувањето на четирите пресуди на Европскиот суд за правата на човекот (ЕСЧП), кои се однесуваат на кршењето на правото за слободно собирање и здружување на припадниците на непризнатото македонско малцинство, продолжува. На последниот, минатонеделен состанок на работната група за човекови права на Комитетот на министрите на Советот на Европа, задолжена за следење на пресудите на ЕСЧП, беа донесени две одлуки кои директно се однесуваат на четирите случаи.

Како што е вообичаено за состаноците на Комитетот на министрите, претставниците на владите на 47-те земји-членки на СЕ најпрво беа запознати со најновиот развој на ситуацијата во однос на четирите предмети. Од страна на ОМО „Илинден” - ПИРИН беа доставени информации дека некои од нивните членови беа изложени на полициски истраги и притисоци. Според партијата, притисоците биле со цел „да се исплашат членовите на партијата за да ја напуштат, со што ќе се попречи нејзината евентуална регистрација.“

На забелешките од страна на ОМО „Илинден” - ПИРИН за „прекубројното“ полициско присуство на комеморативните собири организирани од страна на ОМО „Илинден” - ПИРИН на 20 април во Мелник и на 4 мај во Благоевград, бугарската влада одговара дека тоа било направено со цел „да се заштитат членовите на организацијата“. Наводно, како што објаснила бугарската влада, полицијата била присутна за да се гарантира нивното право на слободно собирање, со што се исполнуваат деловите од четирите пресуди кои се однесуваат на кршењето на правото на претставниците на македонското малцинство за слободно собирање. Во тој контекст, Комитетот на министрите на Советот на Европа одлучи Бугарија да го достави на разгледување во Стразбур новиот закон за јавни собири и манифестации. Измени на бугарското законодавство што се наметнаа како последица од неколкуте пресуди во кои беше констатирано кршење на правото на слободно собирање. За таа цел, Секретаријатот на СЕ организира и семинари во Бугарија со цел да ги запознае бугарските правосудни органи со содржината на Европската конвенција за правата на човекот и другите правни инструменти на СЕ во оваа област.

Што се однесува до самата регистрација на ОМО „Илинден” - ПИРИН, политичка партија која се залага за признавање на македонското малцинство во Бугарија, Стразбур е запознат дека партијата неуспешно се обиде на неколку пати повторно да се регистрира, за што се отворени два нови предмета во Европскиот суд. Бугарија упорно тврди дека пресудата на ЕСЧП не подразбира регистрација на партијата, иако Комитетот на министрите на СЕ и комесарот за човекови права го тврдат спротивното. Во надмудрувањето со Софија, сепак, Стразбур не отстапува од барањето за регистрација, која како што стои во пресудата, тоа неправедно и' било одземена на партијата. Предметот ОМО „Илинден” - ПИРИН против Бугарија, како што напишавме веќе еднаш, се претвори во „политички случај“, бидејќи не станува збор само за регистрација на партијата, туку и пошироко за индиректно признавање од страна на Бугарија дека на нејзина територија постои македонско малцинство. Кога има македонско малцинство, значи дека има и македонски народ. Случајот ОМО „Илинден” - ПИРИН веќе е со меѓународни димензии, доволно беше да се слушнат одгласите од дебатата која се водела зад затворените врати на Комитетот на министрите. Барањата на Постојната мисија на Република Македонија при Советот на Европа за принципиелно почитување на вредностите на СЕ и пресудите на ЕСЧП добиле поддршка од повеќе други земји. Додека Бугарија била поддржана без изненадување од Грција и до некаде од Франција. Покрај принципиелната доследност на мисијата на Република Македонија во следењето на овие случаи, што предизвика неодамна и реакции од страна на шефот на бугарската дипломатија, најголемата заслуга, сепак, ја имаат самите членови на партијата ОМО „Илинден” - ПИРИН.

По последното разгледување на четирите случаи, добро знаејќи дека во процедурата на ЕСЧП се наоѓаат уште два други предмета, Комитетот на министрите на Советот на Европа ги повика бугарските власти заедно со Секретаријатот на Советот на Европа да изнајдат можно решение за пресудите ОМО „Илинден” - ПИРИН и другите против Бугарија да бидат во целост исполнети.

Извор: Утрински Весник

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting