Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Остри критики до Грција во ЕП

6 јуни, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Jelko KacinОстри критики до Грција поради нејзиниот однос кон Македонија, со повик за реакција од европските институции, упати словенечкиот претставник во Европскиот парламент (ЕП) Јелко Кацин.

Кацин ги повика институциите на ЕУ да ги заштитат основните начела на меѓудржавни односи поради грчката “планирана политика на заострување и свесни провокации“, “долевање масло на оган“ и “труење на политичката атмосфера во регионот“.

“Неубедливите објаснувања од Атина, што стигнаа пред неколку дена по моите расправи и јавни предупредувања во ЕП, за недозволивата дискриминација на авионските патници и превозникот МАТ, се покажаа како очигледно претворање, заведување на пратениците и јавноста“, соопштува Кацин.

Тој додаде дека не е точно оти грчките власти преземале мерки согласно прописите и востановената пракса, посочувајќи дека летот бил прекинат во Египет, планот на лет променет, а авионот морал да застане во Истанбул и да бара други воздушни патишта.

Кацин наведува и дека со ова, македонскиот авио-превозник бил финансиски оштетен, патниците дискриминирани, додека нивниот одмор скратен и попречен.

“Тоа истото се случи и со претседателот на Македонија - држава со “несреќно име“, соопшти Јелко Кацин.

Негова оценка е дека одлуката на македонскиот претседател, сам, во име на својата држава, да се откаже од учество на важна меѓународна средба во Атина, е “логична и предизвикана последица на планираната политика на Грција“.

“Очигледно не се работи за осамени примери, туку за планирана политика на заострување, за свесни провокации на Грција, што долеваат масло на оганот на веќе заострените односи меѓу владите“, додава Кацин.

Европарламентарецот посочува и дека последиците на емотивни блокади, што ја прегреваат и трујат политичката атмосфера во регионот, ги надминуваат границите на подносливо и се закануваат со опасност од конфликти на други подрачја.

“Дојде време да застанеме во одбрана на основните начела во меѓудржавните односи. Сега е моментот за решителен настап и реакција на институциите на ЕУ“, наведува Кацин.
 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting