Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП бара меѓународен мониторинг на македонско-грчката граница
поради најавите за насилство од страна на грчките нео-нацисти


18 јули, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Children refugees passing the border Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Во недела, на 20-ти јули, неколку стотици, можеби илјади, македонски политички бегалци ќе се обидат да влезат во Грција преку граничниот премин Меџитлија/Nikki, за да присуствуваат на нивната 4-та светска средба.

Следејќи го барањето на премиерот на Македонија Никола Груевски до Грција за да го признае нејзиното големо македонско малцинство, официјални претставници на грчката влада реагираа жестоко, тврдејќи дека македонско малцинство во Грција не постои, дека Македонското членство во ЕУ е сега под голем знак прашање и дека грчки нео-нацисти можат да ги нападнат Македонците на граничниот премин на 20 јули и подоцна во текот на денот на нивниот собир кај Meliti//Овчарани.

Оваа година се одбележува 60-годишнината од евакуацијата на 28.000 деца бегалци од Грција, на возраст од 2-14 години, спроведена од Меѓународниот црвен крст, за време на грчката граѓанска војна. Веднаш потоа, нивните грчки државјанства им беа одземени и од страна на грчките власти редовно им беше забрануван влезот во Грција само поради тоа што се идентификувале како етнички Македонци. За нив не важеше ниту законот од 1982 година со кој што на политичките бегалци, кои што се Грци по род, им се дозволуваше слободно враќање во Грција.

"Продолжува да се интензивира грчкото прогонство на Македонци, од кои што многумина истовремено се и канадски, американски и австралиски државјани. Владите на овие, како и на други држави, мораат да ги штитат правата на своите државјани и да побараат од Грција веднаш да прекине со нивната дискриминациона политика, или во спротивно да бидат подготвени дека ќе се соочат со последици," изјави претседателот на МДМПЧ, Бил Николов.

МДМПЧ ги повикува меѓународните политички претставници, медиумите, организациите за човекови права и други заинтересирани физички и правни лица на 20 јули да бидат присутни на границата помеѓу Република Македонија и Грција, кај граничниот премин Меџитлија/Nikki, и да го надгледуваат грчкото спроведување на меѓународните закони за човекови права.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting