Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП - Соопштение за медиумите

Бугарија ја игнорира пресудата на Европскиот суд за човекови права

6 септември, 2007

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада – Бугарија уште еднаш докажа дека не се грижи за човековите права и за европските закони. Со уште еден државен акт на расизам насочен кон големото македонско малцинство, Софискиот градски суд повторно ја одби регистрацијата на партијата ОМО Илинден Пирин која се грижи за правата на македонското малцинство во Бугарија и покрај наредбата од Европскиот суд за човекови права од октомври 2005 година за итна и неодложна регистрација на партијата.

Според Стојко Стојков, еден од претседателите на партијата, “Бугарските надлежни органи се обидуваат на сите можни начини да оневозможат наше учество на локалните избори наредниот месец“.

Почнувајќи од минатата година, Бугарија ја интензивира својата бесрамна расистичка кампања и прогонување на своето македонско малцинство, вклучувајќи и клевети од медиумите, додека бугарските политичари бараат Македонците “да се убиваат по улици“ и “да се бркаат од земјата“, а тајната полиција им се заканува на членовите на ОМО Илинден Пирин со апсење, депортирање од државата, губење на државјанство, бркање од работа, па дури и убивање. За повеќе информации види овде: www.mhrmi.org/press_releases.asp.

“Европската Унија тврди дека ги брани своите закони и се грижи за човековите права на сите свои граѓани. Сепак, членки на Европската Унија континуирано си земаат за право да ги игнорираат одлуките на Европскиот суд за човекови права и продолжуваат да ги кршат правата на своите малцинства“, изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

ММДЧП бара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Бугарија да го признае големото македонско малцинство и да им ги даде сите права кои се загарантирани од страна на меѓународните конвеции за човекови права. Исто така, ММДЧП бара од Европската Унија да наложи спроведување на одлуката на Европскиот суд за човекови права за итна регистрација на ОМО Илинден Пирин.

---

Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting