Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП - Соопштение за медиумите

На канадски државјанин му е одбиен влез во Грција
заради македонското етничко потекло


30 октомври, 2007

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Грција продолжува со црната листа на канадски државјани со македонско етничко потекло кои што се активни во организации за човекови права или што се политички бегалци. Последниот рефериран случај е од 3 октомври, 2007 година, кога на Доне Раковски, двоен државјанин на Канада и Република Чешка, му беше оневозможен влезот бидејќи тој “е лице for whom an alert has been issued for the purposes of refusing entry“ и кој што е запишан “во државниот регистер“ (Погледнете го овде документот од грчката граница).

Ѓорѓи Плуковски, канадски државјанин кому што не му беше дозволен влез во Грција во неколку наврати, изјави: "На Македонците редовно не им се дозволува влез во Грција и никогаш не се во можност да ги посетат своите родни места, дури ни да присуствуваат на погреби од членови на нивните семејства.”

ММДЧП известуваше за бројни вакви случаи во изминатите години.

"Како ’држава од западот’ и како држава која што себеси се прокламира како ’родно место на демократијата’, Грција мора да и’ објасни на канадската влада зошто нејзините државјани се изложени на дискриминација. Канада треба да и’ даде до знаење на Грција за последиците од нејзините расистички дела, изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

За повеќе информации во врска со ова прашање, ве молиме погледнете овде:
www.mhrmi.org/news/2006/april03_e.asp

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting