Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
На канадски државјанин му е одбиен влез во Грција заради македонското етничко потекло

Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Грција продолжува со црната листа на канадски државјани со македонско етничко потекло кои што се активни во организации за човекови права или што се политички бегалци. Последниот рефериран случај е од 3 октомври, 2007 година, кога на Доне Раковски, двоен државјанин на Канада и Република Чешка, му беше оневозможен влезот бидејќи тој "е лице for whom an alert has been issued for the purposes of refusing entry" и кој што е запишан "во државниот регистер" (Погледнете го овде документот од грчката граница).

Ѓорѓи Плуковски, канадски државјанин кому што не му беше дозволен влез во Грција во неколку наврати, изјави: "На Македонците редовно не им се дозволува влез во Грција и никогаш не се во можност да ги посетат своите родни места, дури ни да присуствуваат на погреби од членови на нивните семејства.”

ММДЧП известуваше за бројни вакви случаи во изминатите години.

"Како 'држава од западот' и како држава која што себеси се прокламира како 'родно место на демократијата', Грција мора да и' објасни на канадската влада зошто нејзините државјани се изложени на дискриминација. Канада треба да и' даде до знаење на Грција за последиците од нејзините расистички дела, изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

За повеќе информации во врска со ова прашање, ве молиме погледнете овде:
www.mhrmi.org/news/2006/april03_e.asp

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.