Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
 


Грција не дозволува македонски презимиња

16 октомври, 2007

Извор

Отпечати ја страницата

Како Грција се справува со иницијативите на Македонците?
Васкопулос и Васиљадис може. Филипов и Бенушев не може. Негрчките презимиња внесуваат забуна во контактот со грчките органи за националниот идентитет на лицата. Ова е накратко приказната на Павлос Васкопулос и Пеце Васиљадис, Македонци со грчко државјанство, кои официјално пред една година кај грчките органи поднеле барање за промена на своите имиња и враќање на македонските презимиња на нивните предци. Грчките власти ги одбија барањата на нивните граѓани Васкопулос и Васиљадис. Ставридис Анистисијадис, пак, кој исто така поднел индивидуално барање за промена на презимето во Ашлаков се уште нема одговор од властите во Грција иако и за него се предвидува негативен исход. Овие Македонци што живеат во Грција од перфектот (грчката локална самоуправа) и од второстепениот административен суд отворено побарале да им се овозможи враќање на македонски презимиња што со грчките закони и декрети во 20-тите години на изминатиот век биле заменети со грчки презимиња. Во образложението од надлежните органи во кое е содржана и сугестијата на Министерството за внатрешни работи се вели дека промената на презимиња во т.н. негрчки би довело до забуна во контактот со грчките органи за нивниот национален идентитет. Исто така, во документот се наведува дека нема основа за тврдење на барателите дека тие припаѓаат на македонското малцинство, бидејќи такво малцинство во Грција не постои. Во образложението доставено до Васкопулос, покрај ставот на грчкото МВР, дискутабилна е и забелешката за катастарот.
- Во нивното образложени се вели дека во катастарот на моето село од таткова страна немало семејство Филипови, иако јас воопшто не го спомнав податокот од каде би можело да доаѓа тоа презиме, од таткова или од мајчина страна. Ова наведува на фактот дека сепак одговорните знаеле за тоа презиме, знаеле и каде да го побараат, односно да го прикријат - вели Васкопулос, член на колективното раководство на „Виножито“ и еден од барателите за промена на своето презиме. Тој вели дека сето ова го прави од почит кон минатите генерации.
- Во ситуација кога Грција и наложува име на Македонија може да замислите колку е тешко во Грција припадниците на дискриминиранато малцинство, какво што е македонското, отворено да побараат негрчко презиме. Но, ние решивме да го иницираме ова. Нема што да се плашиме и да се криеме. Прашањето го покренуваме за лично достоинство и почит кон нашите предци - додава Васкопулос.
Димитри Панајотис, првиот човек на Грчкиот хелсиншки монитор, вели дека одлуката на локалната власт во Грција е контра законите во Грција, бидејќи според постојната регулатива секој грчки граѓанин може да си го промени своето презиме доколку ја наведе причината.
- Властите можат да одбијат барање за промена на презимето, но само ако наведат цврсти аргументи за тоа. Во случајот со Васкопулос и Васиљадис воопшто не е така и образложението е невалидно. Вистинското објаснување за тоа зошто Грција не сака враќање на македонските презимиња е поради тоа што на овој начин се докажува дека постои македонско малцинство во Грција, кое таа го оспорува - вели Панајотис.
Васкопулос и Васиљадис велат дека ќе ја почекаат и одлуката на Врховниот суд во Атина, кон крајот на годинава, и ако добијат повторно негативен одговор, случаите ќе ги поднесат во Судот за човекови права во Стразбур, каде што се надеваат дека ќе ја добијат правдата.

Во Стразбур веќе има пресуда во корист на промена на презиме

Според судската практика во Судот за човекови права во Стразбур, досега имало еден случај во кој лице барало промена на своето презиме. Во 1994 година брачната двојка Сузана и Алберт Бургартс од Швајцарија ја тужеле државата затоа што не му дозволила на сопругот до презимето на неговата сопруга да го додаде своето презиме Шнајдер. Во согласност со конвенцијата за човекови права во членот 8, кој зборува за правото на човекот да има свој личен и семеен живот, судот во Стразбур пресудил во корист на брачната двојка. Швајцарија во рок од три месеци им исплатила 20.000 швајцарски франци за трошоци на оштетените во случајот.

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting