Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП - Соопштение за медиумите

Расизам и антисемитизам се распространети во Европската Унија

28 декември, 2007

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Greece allows neo-Nazis Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - ММДЧП е шокирано од фактот дека Грција дозволува нео-нацисти да шират омраза и што наместо да ги осуди нив, државата одлучила да ги обвини активистите за човекови права. Како што известува Грчкиот Хелсиншки Монитор (cm.greekhelsinki.gr), на 27 декември, 2007, имало "...широки напади и прогонување на активисти од Грчкиот Хелсиншки Монитор и еврејски активисти кои што поднеле жалби против грчките нео-нацисти за нивното искажување на восхит за Хитлер, за негирањето на Холокаустот и за нивните антисемитистички написи.” Кулминација била достигната со нападот врз портпаролот на Грчкиот Хелсиншки Монитор, Панајот Димитрас, кој што за време на судскиот процес одржан на 4 декември, 2007 година, бил вербално и физички нападнат од Теодорос Варикас, мовинар од државниот ТВ канал, NET. Полицијата не реагирала, а ниту истражниот судија не го опоменал напаѓачот. Наместо тоа, Панајот Димитрас бил посоветуван да поднесе тужба во полициска станица, каде му било речено дека може да биде и уапсен доколку напаѓачот поднесе контра-тужба.

Само еден од обвинетите, адвокатот Костас Плеврис, беше осуден и доби условна казна затвор во траење од 14 месеци, за: “повикување на расистичко насилство и омраза и за упатување на расни навреди.” Останатите тројца обвинети, издавач, уредник и новинар на нео-нацистичкиот неделник “Eleftheros Kosmo”, беа ослободени од истите обвиненија. Костатс Плеврис поднесе пријави за неколку судски спорови против луѓето кои што сведочеа против него и иако тие во себе содржат расистички и антисемитистички изреки, истите беа прифатени од Грчкиот Суд и се закажани судски рочишта.

Член на екстремното десно крило на партијата LAOS, претставувајќи ги истовремено и грчкиот и европскиот парламент, постави видео клип од судскиот процес на YouTube (http://www.youtube.com/watch?v=Zj0W4jz9t0A). Во коментарите кои што се објавени под видеото се упатени и смртни закани: “вие го имавте Димитрас пред вас и зарем не го линчувавте? и “смрт за еврејските копилиња; ниту еден Евреин не треба да остане во нашата земја и целиот свет; дајте да ги претвориме во сапун, СЕГА;”

Грчкиот Хелсиншки Монитор истакнува дека “ниту еден медиум, невладина организација за човекови права, политичка партија, или било која друга институција не извести за овие инциденти, а уште помалку да ги осуди. Напротив, имаше неколку случаи на барање за ослободување на нео-нацистите, повикувајќи се на слобода на говорот.”

Претседателот на ММДЧП Бил Николов изјави: “Грозно е тоа што во Грција, долготраен член на Европската Унија и самонаречената ’лулка на демократијата’, активисти за човекови права судски се прогонуваат за кревање на гласот против расизмот и антисемитизмот. Ќе застане ли конечно Европската Унија во одбрана на вредностите кои што самата ги прокламира и на кои што се потпира?”

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting