Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Грција попушти пред притисокот на јавноста:
Егејците си ги видоа огништата


15 август, 2005

Read this page in English


Мери Јордановска

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=466&ArticleID=29165

Група од 43 некогашни жители од Леринско вчера првпат со групна виза ја поминала македонско-грчката граница без никакви проблеми. Воодушевени и пресреќни што конечно ќе си ги видат своите родни огништа, Македонците од северниот дел на Грција отидоа заедничко да го прослават православниот празник Голема Богородица во селото Сетина (Скопос).

- Насекаде ечи македонска музика. Голем број Македонци што се тука првпат го посетуваат родното огниште. Воодушевени сме! На границата немавме никакви проблеми, за половина час завршивме работа. Дури и грчките граничари ни рекоа дека ќе дојдат на прославата на Богородица. Ова е голем ден за нас – ни рече Тодор Јованов, раководител на групата Македонци од Егејско.

На граничниот премин Меџитлија тие морале да поминат низ истите процедури, но овојпат тоа одело побргу. Пополнувале анкетни листови на кои морале да наведат како гласи грчкото име на нивните родители и како се вика нивното село на грчки јазик.

- Од поодамна баравме групна виза, но секогаш не одбиваа. Сега Грција веројатно сфати дека не може да води инает со целиот свет за ова прашање – вели Ѓорѓи Доневски, генерален секретар на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Тој се надева дека ова ќе стане редовна практика и дека Македонците од Егејскиот дел ќе можат почесто да ги посетуваат своите родни огништа.

- Овде секое село си има своја слава. Прекрасно е да се присуствува на тој чин, бидејќи цело село е на нозе – вели Доневски.

Групата во текот на тридневниот престој ќе ги посети и Воден и Кајмакчалан.

Македонците-бегалци од Егејска Македонија минатата недела ја обвинија Атина дека не им дозволува да влезат во Грција и да си ги видат родните огништа и дека тајно ги распродава нивните имоти. По пишувањата на „Време“, за случајот се заинтересираа македонските политички партии и меѓународните организации. Од канцеларијата на ОДИХР во Варшава апелираа граѓаните што имаат проблем со имотите во Грција да испратат жалби до канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting