Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Десничарите вршат притисок врз „Виножито“

10 декември, 2003


Извор: А1 Телевизија

Политичкиот секретаријат на организацијата на Македонците во Грција, Виножито, објави декларација во која тврди дека таа е подложена на притисок од страна на крајнодесничарските елементи во земјата, пишува денеска грчкиот весник „Авги“.

Во декларацијата, додава весникот, како конкретен пример за овој притисок се посочува начинот на кој Виножито била принудена да го одложи својот конгрес, закажан за 30 ноември, за кој веќе била закупена сала во хотелот „Ксенија“ во град Воден.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, весникот истакнува дека неколку дена пред одржувањето на конгресот непознати лица нанеле материјална штета врз зградата, во која била сместена салата, што довело до негово одложување.

Градоначалникот на Воден по овој настан предложил конгресот да се одржи на 7 декември во друга сала, сопственост на културното здружение „Александар Велики“.

Во декларацијата се наведува дека Виножито добивала закани од организациите Грчки фронт и Златна зора, кои ја предупредиле дека ќе се појават на конгресот со цел да го спречат неговото одржување.

Крајнодесничарските групации се заканиле дека ќе извршат напади во Воденсо цел да го спречат одржувањето на конгресот.

Истовремено во Воден се појавиле летоци со расистичка и неонацистичка содржина, а група непознати лица му се заканувале на раководството на здружението Александар Велики, по што салата била откажана.

Нели Маес, заменик-претседателот на Европската слободна алијанса, која е застапена во Европскиот парламент, на 3 декември испрати писмо до грчкиот премиер Костас Симитис во кое бара од неговата Влада да преземе соодветни мерки во врска со случајот со Виножито.

„Ниту еден претставник на локалните власти сепак не презеде никакви мерки со кои би се овозможило нормално одржување на конгресот“, се вели во декларацијата на Виножито.

„Сето ова се случува во пресрет на 2004 година во Грција, која е можеби единствената европска држава, во која неонацизмот е законска политичка определба, а расизмот, антисемитизмот, ксенофобијата и дискриминацијата кон малцинските групи се секојдневна појава, како на социјално, така и на политичко ниво“, нагласува организацијата на Македонците во Грција во декларацијата, што ја објавува „Авги“.

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting