Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Виножито - Соопштение за медиумите
After Greek Neo-Nazis Force Cancellation of Macedonian Minority Party Congress


Read this page in English

8 декември, 2003


Виножито - Соопштение за медиумите
www.florina.org

На 7 декември 2003 година, беше најавено одржување на партискиот конгрес на Виножито во градот Воден, во пресрет на престојните национални и европски избори во 2004 година. Една од главните точки на дневниот ред на партискиот конгрес беше политичкиот правец на партијата со политичката реалност утврдена од формацијата на новите политички партии, како European Free Alliance (EFA). Ова е процес во кој “ВИНОЖИТО” активно придонесува како член на Алијансата од 2000 година. Како и да е, конгресот сега е одложен и чувствуваме обврска да ги изнесеме причините и настаните кои претходеа на оваа наша одлука.

Партискиот конгрес беше закажан за 30 ноември 2003 година. Сопственикот на хотел “Ксениа” одби да ја изнајми конференциската сала, поради што организациониот комитет се договори со друго приватно лице за изнајмување на друга конференциска сала. Кога локацијата за местото на одржувањето на конгресот беше објавена пошироко во разни публикации, “непознати” извршители ја демолираа колата на сопственикот, уништија дел од предната страна на конференциската сала, а сопственикот доби закани по неговиот живот и неговата фамилија.

Следејќи ги овие инциденти и целосно почитувајќи го оправданиот страв и загриженост на сопственикот, настанот беше одложен. Ги замоливме локалните власти и градоначалникот на Воден, Јанис Сионтрас, да помогнат околу организирањето на конгресот во конференциска сала од јавен карактер. Градоначалникот ни ја предложи просторијата раководена од културната асоцијација “Александар Велики”. Како и да е, датумот беше фиксиран за 7 декември наместо 30 ноември. Организациониот комитет на конгресот ја прифати предложената алтернатива од градоначалникот.

Оваа обична конференциска просторија се употребува за одржување на настани организирани од културната асоцијација “Александар Велики” од Воден, општината, други организации, политички партии и други активни групи во градот. Промената на одржувањето на конгресот беше потребна и поради друг договорен состанок на 30 ноември. Настанот претставуваше состанок на расистичката партија “Хеленски фронт”, членови на неонацистичката група “Криси Авги” и други екстремистички групи. Споменатиот настан беше направен од организаторите со цел да го спречат одржувањето на конгресот на “ВИНОЖИТО”, како што наведуваа во пропагандниот материјал од пред една недела. Треба да се забележи дека Периандрос Андруцопулос, вториот раководител на Неонацистичката група “Криси Авги”, е се уште во бегство, под обвинение за обид за убиство во напад и за сериозни повреди на еден цивил во Атина, пред неколку години.

На 30 ноември, неонацистите заедно со расистите, по нивниот состанок во просторијата “Александар Велики”, одржаа марш по улиците на Воден против конгресот на “ВИНОЖИТО”, заканувајќи се дека на 7 декември тие ќе бидат таму за да го спречат неговото одржување. Во исто време, неколку членови на управата на културната асоцијација “Александар Велики” на работа примија “деловни посети” од поединци кои можат да се опишат како “извонредно-раководени” и “безбедносни изнуди”, додека на улиците на Воден, расистите и неонацистите ширеа навредувачки памфлети вклучувајќи вообичаени фрази и слогани.

Следејќи ги овие случувања, Нели Маес, заменик претседавач на Европската парламентарна група на коалицијата на Европската Слободна Алијанса и Зелените (чија членка е и “ВИНОЖИТО”), на 1 декември испрати писмо до грчкиот премиер Костас Симитис барајќи владата да ги преземе сите потребни мерки за да ги обезбеди целосното одржување и сигурноста на учесниците, имајќи предвид дека на конгресот беа поканети и неколку претставници на Европската парламентарна група.

Претседателот на културната асоцијација, кој ја управуваше и конференциската сала Папас Василеос, поттикнат од негативниот амбиент, го отфрли нашето барање за изнајмување на салата на оваа асоцијација; тој дури го одби состанокот со луѓето на “ВИНОЖИТО”. Пратеникот на ПАСОК за Пела, Хрисос Воснакис, беше целосно информиран за ситуацијата, како и заменикот министер за спорт, Георгиос Лианис. Во исто време, побаравме нов состанок меѓу организациониот комитет на “ВИНОЖИТО” и градоначланикот, кој подоцна одби да определи било какво јавно место за одржување на конгресот.

На 3 декември, Нели Маес факсираше друго писмо до кабинетот на гркиот премиер, барајќи владина интервенција; но како и да е, Владата, преку инструментите на локалните власти (администрацијата, полицијата), не презеде никакви мерки на сигурност за безбедно одржување на конгресот, одбивајќи да одговори на ниту едно од овие писма до ден денешен.

На 4 декември, управата на асоцијацијата “Александар Велики” испрати електронско писмо до канцелријата на “ВИНОЖИТО” со кое конечно ја откажа резервацијата за конференциската просторија, додека пропагандните пораки за групните екскурзии во Воден организирани за 7 декември, со единствена цел да го спречат конгресот, се појавија на повеќе печатени материјали и весници од расистичките и неонацистичките групи што најавија марш низ улиците на Воден уште пред една недела.

За несреќа, за цело ова време, градските власти не реагираа јавно, едноставно одбивајќи да застанат во одбрана на основните демократски права, како правото на политичко здружување, “ВИНОЖИТО” да го одржи својот конгрес.

Молкот на надлежните власти, исто така, го наметнува прашањето за причините за одбивањето на локалните партиски претставници да ги осудат овие феномени на расистичко и неонацистичко однесување во градот Воден.

Во контекст на овие инциденти, организациониот комитет за конгресот одлучи да го одложи неговото одржување, имајќи ја предвид јавната безбедност и откако властите не понудија гаранција за безбедноста на настанот, како и дека одржувањето на настанот би можело да предизика судир и тепачка.

Ваква е состојбата во Грција во пресрет на 2004 година. Најверојатно Грција е единствената европска земја каде што неонацизмот е озаконет политички лозунг, каде што расизмот, анти-семитизмот, ксенофобијата и дискриминацијата против малцинските групи се чест дел од секојдневната реалност, и двете на ниво на општеството и на ниво на политичка парола и имплементација.

Ваква е состојбата во Грција, земјата во која се одржуваат Олимписките Игри 2004, промовирајќи го прилично лицемерното мото “за една единствена култура на сите култури”; земја членка на Европската Унија којашто сило одбива да ја потпише рамковната конвенција за малцинските права на Советот на Европа; земја којашто ги третира членовите на турското малцинство како “муслимани” и којашто не го признава постоењето на македонското малцинство; земја која одбива да ја потпише Повелбата за регионалните и малцинските јазици, додека само зборува за правата на Грците во Истанбул и Јужна Албанија.

“ВИНОЖИТО”

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting