Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


МДЧПК - Соопштение за медиумите

Забелешки на Извештајот за Грција од страна на Американската државна управа

Read this page in English

April 7, 2003


Македонското движење за човекови права во Канада (МДЧПК) се згрозува од постојаното грешно претставување на македонското малцинство во Грција преку “Државните извешатаи за човекови права-2002: Грција”, од страна на Американската државна управа (Стејт департмент). И покрај бројните барања и предочувања од МДЧПК и други меѓународни НВО (погледнете ја Објавата на Грчкиот хелсиншки Монитор од март 18, 2002: www.greekhelsinki.gr/bhr/english/organizations/ghm/ghm_18_03_02.rtf) Американската државна управа продолжува да дава погрешни изјави во однос на ова малцинство кое единствено може да се сфати како обид да се задоволи грчката чувствителност во однос на македонското прашање.

На пример, кога се зборува за македонското малцинство, Американската државна управа го поставува изразот македонско во наводници. Ова го дава чувството дека Американската државна управа се согласува со службената грчка политика дека ова малцинство е незаконско. Македонското малцинство и јазик се меѓународно признати како такви, но Американската државна управа се сомнева во легитимноста низ целиот извештај користејќи имиња како “Славо-Македонци”, “Славјански дијалект” и давајќи изјави како следнава:

“Северо-западна Грција е дом на неодреден број граѓани кои дома зборуваат Славјански дијалект, посебно во леринската област. Процените се движат широко, од под 10,000 до 50,000. Мал број се произнесуваат дека припаѓаат на посебна етничка група и го бараат правото на посебност како ‘македонско’ малцинство.”

Најповеќето процени го поставуваат македонското малцинство многу над горенаведените бројки. Македонците живеат низ целиот егејски дел од Македонија, не само во леринската (флоринска) област. Што е уште поважно, голем број се произнесуваат како етнички Македонци, а не незначителен дел од населението како што јавува овој Извештај.

Следната изјава го дава впечатокот дека Американската државна управа е оправдувач на постојаниот притисок кој го врши грчката власт врз македонското малцинство:

“Владата беше загрижена дека членови на ‘македонското’ малцинство можат да имаат желби за одделување.”

Како што изјави Грчкиот хелсиншки монитор во својата Објава од 2002 година:

“(Извештајот на Американската државна управа) не ги спомнува постојаните порекнувања за такви барања од страна на сите дејци. Всушност, бидејќи никогаш немаше такви изјави, самото споменување во Извештајот за обвинителните претпоставки на грчката влада, не може а да не прави услуга на владата. Таквиот впечаток е зацврстен со отсуството на случајот со нерегистрирањето на Домот на македонска цивилизација (и за здружението Русалии), во Извештаите за 2000-та и 2001-та година.”

Исто така, Американската државна управа одлучи да не ги спомне многубројните случки на етнички Македонци на кои им беше одземено правото за влез во Грција, постојаното прогонување на македонскиот свештеник, отец Никодим Цркњас, кој беше вербално нападнат, наклеветен па дури и притворен на грчка телевизија во живо, одбивањето да се регистрираат две македонски културни друштва, воопшто одбивањето на грчкото општество да се вклучи во расправа за македонското прашање, а да не зборуваме за признавање.

Неколку локални и меѓународни НВО, вклучувајќи и локални македонски дејци во Грција, неколкупати ја имаат контактирано Американската државна управа за да се достават податоци за кршењата на човековите права кои ги трпи македонското малцинство. Американската државна управа избира кои податоци ќе ги користи, кое дава веродостојност на исказот дека нејзината главна цел е задоволување на своите интереси, а не обезбедување човекови права на обесправените малцинства. Грчкот хелсиншки монитор ја заврши својата Објава за 2002 година на следниот начин:

“Односот (на Американската државна управа) кон Македонците во Грција, како што е отсликан во годишните извештаи, не може да се земе како превид, или пак како недоволна известеност; напротив, тоа е постојана и намерна политика на самозадоволност кон грчките власти во однос на најчувствителното прашање за човековите права. Таквата самозадоволност не е прикажана кон бугарските власти кои исто така имаат слична чувствителност за Македонците, чии потешкотии се споменати во соодветните поглавја.”

МДЧПК ја повикува Американската државна управа да ги исправи своите минати грешки и веднаш да даде Објава со која ќе ги исправи грешните изјави за македонското малцинство во Грција.

Бил Николов
Македонско движење за човекови права во Канада
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Fax: 416-850-7127
Е-маил: info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting