Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Ослободителни пресуди за лидерите на “Виножито“

16 септември, 1998


Четворицата лидери на партијата на македонското национално малцинство во Грција “Виножито“ на судскиот процес одржан вчера во Лерин, Грција се ослободени од обвиненето за делото од шести септември 1995 година, јавува Македонската Телевизија. Лидерите на “Виножито“, Костас Тасопулос, Петрис Василидис, Василис Ромас и Павлос Воскопулос, одговараа пред грчкиот Суд бидејќи пред канцеларијата на нивната партија во Лерин ставиле двојазична табла на која на грчки и македонски јазик пишувало - “Виножито Лерински комитет“. Иако од страна на обвинителството во Лерин таблата истиот ден била симната од пред канцеларијата, против лидерите на “Виножито“ е покренато обвинение дека се огрешиле спрема грчкиот закон врз основа на членот 192, односно дека предизвикале вознемиреност, неслога и омраза меѓу граѓаните. Судскиот процес веќе еднаш беше закажан за 14 октомври минатата година, но тогаш најверојатно поради острите реакции од повеќе меѓународни организации за заштита на човекови права беше одложен. Притоа од повеќе страни до грчката влада беа упатени обвиненија дека продолжува со политиката на дискриминација што се спровдуваше изминатите години против Македонците, како и дека врши груба повреда и кршење на основните права за слободно изразување, за почитување на јазикот, како и на националниот и културниот идентитет на еден народ. Во пресрет на вчерашниот судски процес на кој по скоро десетчасовната расправа лидерите на “Виножито“ добија ослободителни пресуди инаку со соопштение се огласи организацијата “Виножито“ барајќи грчката држава наместо да ја санкционира употребата на македонскиот јазик, да преземе мерки за негова заштита и негување. Од страна на “Виножито“ притоа е побарано да се донесе закон за слободна употреба на македонскиот јазик, одржување на настава на македонски јазик во деловите на Грција каде живеат етничките Македонци и создавање на центар на македонски јазик во рамките на факултетското образование. По повод вчерашното судење меѓу другите се огласи и организацијата “Амнести интернационал“ повикувајќи ги грчките власти да ги повлечат обвиненијата против лидерите на “Виножито“ бидејќи не постојат никакви индикации дека тие се залагале за насилство или потикнувале омраза. “Амнести Инетранционал“ притоа оцени дека кривичното гонење против обинетите претставува кршење на членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права која и Грција ја ратификувала. По повод судењето исто така се огласи и Здружението на Македонците од егејскиот дел со седиште во Битола, апелирајќи до светската демократска јавност да ја принуди Грција да престане со монтираните судски процеси, како и безусловно да ги признае човековите права на етничките Македонци кои живеат во Грција.

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting