Macedonian Human Rights Movement International
Rezhimot na Zaev vo Makedonija kidnapirashe opoziciski pratenik za da sprechi glasanje na nedoverba
Соопштение за медиумите

Режимот на Заев во Македонија киднапираше опозициски пратеник за да спречи гласање на недоверба


Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги осудува најновите тактики со кои режимот на Зоран Заев се обидува да се одржи на власт во Република Македонија. За да спречи гласање на недоверба на 11 ноември 2021 година, режимот на Заев го киднапираше Кастриот Реџепи, пратеник од етничката албанска партија Беса, со што опозициската коалиција остана со 60 пратеници - еден помалку од бројката потребна за кворум.


Опозициската коалиција го покрена гласањето за недоверба на 8 ноември, со вкупно 61 потпис од пратеници. Режимот на Заев веднаш одговори со притисоци врз опозициските пратеници, и на крајот го киднапираше пратеникот Реџепи, кој беше спречен да се појави во Собрнаието на 11 ноември. Откако никој не можеше да го лоцира или да контактира со Реџепи, започна панична потрага по него, а Беса, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и другите партии од опозициската коалиција го осудија режимот на Заев и бараа акција од полицијата. Сомнителна порака подоцна беше објавена на Фејсбук страницата на Реџепи, а потоа се појави и негова видео снимка, на која чита од однапред подготвен текст - што само ја зголеми загриженоста за неговата состојба.


Ваквите тактики за жал често се користат од страна на режимот на Заев. Заев е познат по тоа што со сила држеше осум опозициски пратеници во Собранието да ги натера да гласаат за менување на македонското име. Овие пратеници, меѓу кои жените особено се најдоа на удар, беа уценувани, трпеа закани и се соочуваа со затворски казни, како и со закани кон нивните семејства.


Други тактики што ги користеше режимот на Заев вклучуваат апсење дисиденти, употреба на специјални полициски сили да тепаат и апсат мирни демонстранти, отпуштање од јавниот и од приватниот сектор на илјадници Македонци, гаснење на медиуми и затворски казни за новинари, блокирање на пристап до социјалните мрежи за поединци и медиуми, забрана и криминализирање на употребата на зборот „Македонија“, истраги и закани против македонски цивили со физички напади и палеж и долготрајно, незаконско апсење на македонски политички затвореници кои се држат во ужасни затворски услови.


Трагедијата е во тоа што, наместо да го осудат режимот на Заев, земјите членки на НАТО и на ЕУ одбраа да го помагаат, со цел да ги остварат своите погрешно поставени надворешно-политички цели. А сепак, си даваат за право да осудуваат други режими за истите видови на кршење на човековите права.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права бара рамноправност за Македонците и особено ја повикува меѓународната заедница да обезбеди итно ослободување на Реџепи, и на сите македонски политички затвореници, и да го осуди режимот на Заев за неговото постојано кршење на човековите права, вклучително и за принудното менување на името, идентитетот и историјата кои им се наметнуваат на Македонците.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија