Сенатор Крис Марфи, непријател на македонската држава
Коментар на претседателот на ММДЧП Бил Николов (со насловот: Американските политичари немаат право да ја диктираат македонската иднина) објавен во Truthout, влијателна американска непрофитна новинска организација:
Во мај, сенаторот Крис Марфи искористи дел од бесконечниот тек на американски даночни пари да одлета до Западниот Балкан, со попатна станица во Република Македонија, да побара (читај: да им се закани) од Македонците да изгласаат „обичен технички амандман“ за да „останат на патот кон членство во Европската Унија“. Но зошто му е гајле на сенатор од Конектикат дали Македонија ќе се зачлени во Европската Унија?
Како член на Комитетот за надворешни работи (интервенции) на американскиот Сенат, негова работа е да се погрижи дека потенцијалните земји членки останат под западна контрола. Изгледа дека сите американски политичари, не само тие кои имаат конкретна задача како Марфи, даваат заклетва на американскиот надворешно-политички интервенционизам.
Крис Марфи е олицетворение на се што не чини во американската надворешна политика. Тој е и олицетворение на (наводно реткиот) консензус меѓу Демократите и Републиканците, кој се случува се почесто кога ќе се создаде можност САД да вршат насилство врз друга држава.
Во неговата изјава, Марфи намерно го изостави фактот дека „обичниот технички амандман“ кој тој бара Македонија да го усвои во својот Устав, подразбира да ги прифатиме барањата на соседна Бугарија, држава чија главна надворешно-политичка цел е да ги избрише Македонците од постоење. Бугарија веќе доби поддршка од ЕУ за својата анти-македонска кампања, при што ЕУ ни го постави откажувањет оод македонскиот идентитет, култура, јазик и историја како формален услов за зачленување во „европското семејство на народи“.
Конкретно, бугарските барања вклучуваат: откажување од постоењето на македонското малцинство во Бугарија; целосно откажување од македонскиот идентитет, јазик, нација, историја и култура; да ги прифатиме бугарските ставови дека секој и се што е македонско всушност е „бугарско“ (што е иронично, ако знаеме дека Бугарија е таа која ја присвојува македонската историја, култура, јазик и идентитет за да го изгради својот идентитет); ревизија на македонската историја при што ќе се негира дека Бугарија била сојузничка на нацистичка Германија во Втората светска војна, ја окупирала Македонија, и извршила грозоморни воени злосторства против Македонците, вклучително и депортирањето на над 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска; Бугарија да ја прогласиме за ослободител, а не окупатор на Македонија.
Дали вие би сакале да станете дел од вакво„семејство“?
Откако САД дадоа огромна поддршка на грчките анти-македонски барања и присилното менување на името на Македонија во крајно навредливото „Северна Македонија“ (име измислено да се негира постоењето на Македонците, нашиот иденитет, култура и историја) во замена за повлекување на грчкото вето за (од САД наложениот) прием на Македонија во НАТО, Соединетите Држави сега целосно ја поддржуваат Бугарија. Тоа што следи е редовен дел од американските дипломатски учебници - парада на политичари на „дипломатски“ мисии во странство со цел да се обезбеди американската хегеномија.
Американски даночни обврзници, вашите политичари ви се заблагодаруваат. Особено сенаторот Марфи. Каде инаку би можел да отиде на белосветска (како што кажа) турнеја, да навреди цела група на луѓе, да помогне во кршењето на нивните човекови права, да сними филмче пред да се качи во својот млазен авион, да ја повтори навредливата изјава, да каже дека знае дека тоа е контроверзен став, но во типичен американски политички стил да инсистира дека не треба да го сфатиме барањето како контроверзно.
Со ова сенаторот Марфи им се приклучи на голем број американски политички претходници кои станаа вистински непријатели на македонската држава. Неговите гласачи во Конектикат треба да се запрашаат дали мораше да потроши толку многу од нивните пари за оваа цел. Ќе беше доволно да испрати една обична порака од дома.
Сите гледаме како милијарди долари се излеваат од Соединетите Држави на интервенционистички мисии, но дали американските даночни обврзници знаат колку од нивните пари се трошат на интервенционизам за кој нема да слушнат во медиумите?
При подготовката на принудното преименување, Соединетите Држави во Република Македонија потрошија над 45 милиони долари од 2012 до 2017 година, а од македонската независност во 1991 година потрошија над една милијарда долари - според извештај на ГАО, службата за одговорност на владата на Соединетите Држави, во кој се признава дека дел од парите не биле пријавени. Може само да ја претпоставиме вистинската цифра.
Американските даночни обврзници треба да се прашаат, ако толку пари се трошат во земја со два милиони жители, колку ли вкупно троши нивната влада низ целиот свет?
За што беа искористени овие пари во Македонија? За поддршка на „демократски активисти“ со цел да се урне Владата и да се инсталира марионетски про-американски режим, за безмерно трошење за создавање и финансирање на американски надворешно-политички организации (таканаречените 'граѓански организации') како таканаречениот „Младински Образовен Форум“, за финансирање на медиуми конторлирани од САД како што е 360 Степени, за брутално газење на македонските човекови права, за финансирање на напади врз демонстранти од страна на полициски специјалци и апсење на дисиденти, како што е масовното апсење на противниците на принудното преименување на земјата.
Овој извештај беше објавен скоро три години по извршената истрага и дури осум години по почетокот на овие активности, очигледно во надеж дека по толку време ќе „заборавиме“ на уништувачкиот американски интервенционизам. Можеме да претпоставиме колкави суми американски пари ќе бидат содржани во следниот извештај.
Кога веќе спомнав заборавање, американските политичари треба да заборават на заклетвата дека ќе го „поддржуваат и бранат Уставот“) исто како што американските политичари сакаат и ние Македонците да заборавиме на нашиот Устав).
Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
twitter.com/billnicholov