Macedonian Human Rights Movement International
No child should be told that their ethnicity is illegitimate
Op-ed

Надреален свет: Македонија


Да се тврди дека Македонците доброволно се согласиле нивната земја да се преименува во "Северна Македонија" е исто како да се каже дека домородните жители на Северна Америка самите одбрале да се нарекуваат "црвенокожци". А кога западните медиуми ги напаѓаат Македонците кои се противат на промената на името, тоа е исто како да ги критикуваат домородните народи што ги отфрлаат навредливите имиња.

Добредојдовте во Надреалниот свет: Македонија.

Да, Македонците се напаѓани затоа што ги отфрламе навредливите изрази кои се користат за нас. Зошто? Затоа што тоа е волјата на Соединетите Држави. САД финансираат медиуми и невладини организации да не напаѓаат. Овие групи постојано ги обвинуваат Македонците дека користат тактики кои всушност тие ги применуваат против нас. САД го усоврши пристапот "нападот е најдобрата одбрана" и ги научија нашите угнетувачи (Грција, Бугарија и Албанија) како да ги напаѓаат Македонците, но и своите малцинства.

САД брутално ни го одземаа нашето право да се идентификуваме како Македонци и илегално ни наметнаа промена на името користејќи методи кои би се сметале за објава на војна ако некој друг ги применеше против САД. Тие бараа амнестија за терористи, поттикнаа (започнаа) граѓанска војна, местеа избори, отворено го кршеа Уставот... но бидејќи не се работи за американскиот Устав, на Републикратите (или го претпочитате името Демоканци?) не им беше грижа. Да, двете американски партии се обединија во нивната незаситна желба да го прошират американскиот империјализам.

Но зошто не принудија да го смениме името? За да ги убедат Грција и Бугарија да престанат да ставаат вето на приемот на Македонија во НАТО и во ЕУ, откако овие две земји најавија дека нема да попуштат се додека Македонија не го смени своето име во "Северна Македонија" и не го предаде македонското име, идентитет и историја на Грција, или на Бугарија, во зависност од контекстот. Збунети сте? Прочитајте ги 19-те страници од "Преспанскиот договор" (отфрлен од сите Македонци) и видете кој добива што, и колку и до каде ни е дозволено да се само-идентификуваме.

Ова не е само "спор" меѓу Република Македонија и Грција/Бугарија. Македонија беше поделена во 1913 година меѓу Србија (овој дел е денешната независна Република Македонија), Грција, Бугарија, а подоцна, во 1919 година, и Албанија. Наметнатото менување на името, идентитетот и историјата задираат во правата на сите Македонци, каде и да сме.

Нашето име и идентитет се злоупотребуваат, а сепак САД и нивниот омилен надворешно-политички ученик, Грција, ги обвинуваат Македонците дека ние сме ги злоупотребиле, само затоа што постоиме и сме тоа што секогаш сме биле - Македонци. Обидете се да го сфатите овој проблем. Пробајте да ја следите американската нелогичност (Трамп само ја усоврши). Во 1988 година, Грција изврши крајно безобразна смена во својата пропаганда - откако со генерации го негираше постоењето на Македонија и брутално го потиснуваше секое спомнување на нејзиното име, одеднаш оваа земја прогласи дека Македонија отсекогаш била грчка. Многу грчки политичари признаваат дека причината за оваа радикална промена и нивните барања не е насочен против нашето име - причината е да се "избрише Македонија од мапата" и да се скрие грчката политика на негирање и културолошки геноцид врз големото македонско малцинство во Грција.

Нашиот противник го бара нашето име, јавно го слави бришењето на нашата етничка заедница (грчките политичари одат на избори ветувајќи дека ќе го довршат културолошкиот геноцид врз Македонците), а сепак ги обвинуваат угнетените дека се угнетувачи. Оваа американска кружна логика наликува на епизода од серијата Сајнфелд, но не е многу смешно кога американските политичари и нивните разулавени штитеници го користат овој пристап да го избришат мојот народ.

Ова што ни се прави не е дело само на Трамп (неговата администрација не ја почна оваа операција, но "гордо" ја довршуваат), туку на сите интервенционистички американски претседатели во изминатите децении кои ја следат и спроведуваат истата политика. За разлика од нашите противници, јас нема да измислам дека јас сум ја измислил кружната логика, а не Сајнфелд.

Што би се случило ако Англичаните тврдат дека имињата на домородните народи им припаѓаат на нив – дали тоа значи дека суровото колонизирање на нивните земји не се случило? Тоа е ставот кој Грција го има кон Македонија И Македонците и бара и вие да го прифатите. Ви ја продаваат идејата дека ако тие се сопственици на нашето име, идентитет и историја, тогаш сигурно не се колонизатори на македонската земја. За да го докажат недокажливото, менторот на Грција е подготвен да потроши милиони американски долари за финансирање на медиуми и “аналитички” центри кои пишуваат анегдоти достојни на Питерман за да ви ја продадат оваа лажна приказна полна со омраза кон нас.

А ние остануваме во Зоната на самракот. Кога Македонците побараа да се стави крај на анти-македонските преговори за името и на подоцнежното принудно преименување на Македонија, бевме нарекувани “радикали” од страна на расистите. Тоа е како нацистите да тврдат дека тие биле жртви на Евреите во Втората светска војна. Нашите повици да се почитуваат конвенциите за заштита на човековите права и Универзалната декларација за човекови права да важат и за Македонците беа игнорирани, а најинтервенционистичката држава во светот, САД, реши да не нападне нас, кои веќе бевме жртви на агресија.

И како сега ние да ставиме крај на оваа сурова, надреална претстава? Ставете се себеси на наше место. Немојте да го игнорирате говорот на омраза кон било која етхничка група, вклучително И Македонците. Осудете го. Инаку, сакале или не, вие ја помагате дволичната странска интервенција и наградувате културолошка агресија.

Бил Николов, Претседател

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права