

Што е поентата на НАТО...?
Наместо да ја „обесхрабруваме руската агресија“ - што НАТО очигледно не може да го направи и не сака да го прави - зошто да не се обидеме да ја обесхрабриме американската агресија?
Џо Бајден упати млако „предупредување“ до Русија дека НАТО ќе го спречи секој руски обид да ја нападнат Украина. Ова предупредување е трагично и смешно, како што беше и неговата најава дека ќе се „справи со талибанците“ во време кога американските војници буквално се повлекуваа по должината на целиот фронт. Ова евоцира безброј споредби - на пример, како Конан О'Брајан имитираше комичари од 1940ите години кои во исто време ги креваа тупаниците како да се спремаат за борба, и се повлекуваа наназад.
Самото предупредување за „руска инвазија врз Украина“ звучи неверојатно по крајот на Студената Војна, но всушност многу лесно можеше да се предвиди, бидејќи една институција која требаше да се престане да постои - НАТО - беше оставена во живот. НАТО беше создадено по Втората Светска Војна за да се „спротистави на заканата која доаѓаше од Советскиот Сојуз“. Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, по што односите со Западот драстично се подобрија. Здравиот разум налагаше дека НАТО треба да се... сепак, јасно е дека НАТО немаше никако да се распадне бидејќи се претвори во незаменлива алатка за промовирање на американските надворешно-политички цели и за масовно кршење на човековите права ширум светот (наспроти нивното трагично иронично тврдење дека „шират демократија и човекови права“).
Проблемот е што мнозинството западни граѓани навистина веруваат дека нивните држави се „благородни и добри“ додека „Русија е лоша“. Но, знаете што, можно е има „двајца негативци“ во филмот, и често пати се случува токму САД да го освојат златото во угнетувачките олимписки игри. Западните политички водачи знаат што прават - но не им е гајле. Огромното мнозинство западни политичари (експерти, новинари и дипломати) слепо ја следат, па дури и веруваат во реториката на која се изложени, како да гледале часови и часови пропагандни филмови. Точно е дека примиле толкаво количество пропаганда, но со модерни методи.
Тој што ќе успее да ја постави темата на дебатата, ќе победи во дебатата. Западот тврди дека има морална супериорност. Оттаму, кога западот врши еднакво лошо, или дури и полошо кршење на човековите права како што прави неговиот „непријател“, западната јавност или мисли дека овие злосторства не се случиле (а западните сили се скоро 100 проценти успешни во криење на кршењето на човековите права од својата јавност), или дека се некако „оправдани“.
Кршење на човековите права е токму тоа - кршење на човекови права. Бидејќи сите сме еднакви (иако честопати не сме третирани како еднакви), тоа мора да биде осудено без оглед кој е извршителот. Всушност, извршител кој одново и одново крши човекови права, треба да биде казнет уште построго.
Па така, кога САД ќе извршат нова инвазија врз некоја земја, и убиваат безброј недолжни цивили, тоа мора да биде казнето. Истото важи и кога фрлаат бомби и вршат напади со дронови, уништувајќи цели семејства кои за нив се потрошна роба. Дури и кога американската армија не врши воени инвазии, нивните убиства, мешање во другите држави и угнетување продолжуваат и никогаш не запираат.
Македонија е добар пример за ова. По бомбардирање на Егејскиот дел на Македонија (анектиран од Грција во 1913 година) и по убивањето на безбројни Македонци - меѓу кои и многу членови на моето семејство - САД, преку нивната поддршка за про-нацистичките грчки фашисти (ова не треба никого да изненади, бидејќи знаеме дека САД ќе поддржат било кого, Садам Хусеин, Осама бин Ладен, било кого, ако тоа одговара на нивните искривоколчени (читај: перверзни) геополитички цели), САД почнаа да спроведуваат нови тактики врз нас (додека се уште ги користат погоренаведените тактики во други држави). Во изминатите неколку години тие:
Инсталираа диктатор во Република Македонија, амнестираа терористи, го тероризираат населението, наредија специјални полициски сили да нападнат недолжни цивили, апсат луѓе и ги изложуваат на неиздржливи затворски услови, им се закануваат на нивните семејства, го криминализираат слободното изразување на етничкиот идентитет, го кршат меѓународното право, предизвикуваат и помагаат физички напади од тајната полиција и од неонацисти (повторно) во неколку држави низ Балканот, при што Македонците ги лишуваат од нивните најосновни човекови права. Списокот продолжува...
Зошто?
Целта е со сила да се спроведе илегалното менување на името, идентитетот и историјата - да се избрише се што е македонско и да се направи „Северна Македонија“ со „Северномакедонци“ - се со цел да се задоволат интересите на нашите најголеми угнетувачи, Грција и Бугарија. Повторно, зошто? Затоа што Грција и Бугарија се заканија со вето против (непобараното и непотребното) членство на Република Македонија во НАТО и во ЕУ, доколку нашето име, идентитет и историја не бидат избришани. САД предничат во спроведувањето на оваа кратковида, расистичка надворешна политика за да ја задоволат својата ненаситна жед за империјализам.
Тоа е НАТО. Повторувам, ова не би требало да ве изненади. Ако ве изненадува, треба да престанете да слушате што ви зборува „најголемиот“ империјалист што светот било кога го знаел - Соединетите Држави.
Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
twitter.com/billnicholov