Macedonian Human Rights Movement International
Maskiraniot pejach krshach na chovekovi prava Amerikanskata politika kon Makedonija
Op-ed

Маскираниот пејач (кршач на човекови права): Американската политика кон Македонија


Ова е нов вид на реалити натпревар

Прекршувањето на човековите права треба да се осуди независно од тоа кој е извршителот. Но Американците не прават така. Американскиот пристап е да се осуди кршењето на човековите права, освен ако го вршиат САД или некој кој ја има поддршката на САД.

На тема на „американскиот пристап“, најдов нов начин како можеме да ја разобличиме дволичноста на американската надворешна политика: преку реалити ТВ натпревар! Да играме Маскиран Кршач на Човекови Права:

За тие кои не го познаваат концептот на шоуто „Маскираниот Пејач“: Ќе ги наведеме прекршувањата на човекови права, но ќе го скриеме идентитетот на тој што ги врши прекршувањата. Потоа ќе гласаме дали делото треба да се осуди и ќе го откриеме прекршувачот - големото разоткривање. На крај ќе има повторено гласање - за да ја измериме дволичноста на публиката.

Спремни? Почнуваме!

Првиот натпреварувач, заедно со припадници на бруталниот режим во Македонија, со сила држеше жени - пратенички од опозицијата затворени во Собранието и им се закануваше со апсење на членови на нивните семејства ако не гласаат како што им е наложено со цел да се задоволат интересите на државата на нашиот натпреварувач и нивните „стратешки партнери“.

Како гласате? Виновен е? Така е! А извршителот на овие дела е... американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли!

Американската надворешна политика ви наложува веднаш да го смените својот глас и или да го игнорирате неговото кршење на човекови права, да го негирате, спинувате и оправдате или пак да ја обвините (внесете име на држава - непријател на САД).

Дали сте спремни да ги браните човековите права, но само ако ви одговара прекршувачот и ако тој чии права се прекршуваат? Ако да, тогаш пред вас е идеална кариера како американски политичар или политички експерт.

Зошто Бејли постапуваше така? За да ја натера Македонија да си го смени името и го прифати крајно навредливото „Северна Македонија“ (име кое е смислено со цел да се избрише македонскиот иденитет, култура и историја), и со тоа да се задоволи грчкиот услов да се преименува Македонија за таа да го крене ветото за приемот на Македонија во НАТО - членство кое на Македонија и го наметнаа САД. Што добиваат САД од сето ова? Зголемено членство во НАТО и повеќе американски империјализам! А што добива Грција? Помош од САД да ја задоволи својата главна надворешно-политичка цел - да се негира постоењето и да се прикрие нејзиниот прогон на големото македонско малцинство и да се избрише постоењето на Македонците како етничка група!

Подготвени сте за вториот натпреварувач? Ајде!

Македонците протестираа против американското мешање и претстојното менување на името. Учесникот нареди полициски специјалци да ги нападнат демонстрантите, брутално да ги претепаат и да апсат цивили. Закани, заплашување, напади и апсења се вршат секојдневно. Македонци беа осудени на по 15 години во затвор, изложени на ужасни затворски услови и претепувани во затвор.

Дали натпреварувачот кој го наредил сето ова е виновен? Се разбира дека е!

Во овој случај, немаме еден натпреварувач туку неколкумина - станува збор за американски политички партии, американскиот Стејт Департмент, американската амбасада во Македонија и режимот во Македонија кој беше инсталиран од САД.

Повторно, дали ќе го смените својот глас или ќе продолжите да ги браните човековите права? Американската надворешна политика бара од вас да одите против логиката и да измислите бесмислени обвинувања за да ги држите лицата кои бранат човекови права во затвор. Тие се затворени затоа што се спротиставија на американската расистичка надворешна политика. Како бонус, се користат истите обвиненија кои САД ги осудува во (наведете држава која е моменталн непријател на САД) како исполитизирани обвиненија.

Можеме да играме многу рунди Маскиран Кршач на Човекови Права, имаме дури и брзи прашања ако биде изедначено. Но, мислам дека можеме да се согласиме: прекршувањето на човековите права мора да биде осудено независно од тоа кој е извршителот. Сега, дејствувајте. Осудете ги американските злоупотреби и интервенционизам. Бранете го правото на Македонците да постојат.

Бил Николов, претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права
twitter.com/billnicholov