Macedonian Human Rights Movement International
Amerikanskata politichka gragjanska vojna ja unishtuva Makedonija
Op-ed

Американската политичка граѓанска војна ја уништува Македонија


Ако сте Републиканец и не можете да признаете дека Демократите некогаш се во право, тогаш партиската политичка војна нема никогаш да заврши. Истото важи и за Демократите кои не можат да признаат дека Републиканците некогаш се во право.

Секако, овој конфликт не може да запре поради комплкесот на супериорност на Американците кои одбиваат да признаат дека нивниот „непријател“ може да биде во право... на непријателот може да се гледа само како на „зло“. Ова гарантира дека САД ќе продолжат да предизвикуваат хаос низ светот со својата самобендисаност, а се во име на „ширење на американските вредности и демократијата“.

Американските политичари се свесни дека нивната вистинска функција е да вршат интервенции за да го контролираат светот и да ги промовираат американските интереси, независно од штетата што ја предизвикуваат при тоа. Но, тие толку пати ја повториле лагата дека всушност „шират слобода“ низ светот што некои од нив можеби навистина веруваат во тоа. Многу американски политички коментатори исто така веруваат во оваа приказна, како и надворешно-политичките експерти. Сум се сретнал со многумина од нив и нереално е да ги слушаш како зборуваат дека американскиот интервенционизам „ја спасува“ твојата држава од злото на (внеси го актуелниот непријател на САД) иако во исто време ви ја уништуваат државата за свој личен интерес.

Мојата земја е Македонија. На Македонците постојано им се повторува дека американскиот интервенционизам е „оправдан“ бидејќи инаку може да е случи други држави да интервенираат. Да, точно тоа е нивното тврдење. Дека вршат превентивен напад против основните човекови права на еден народ за да ги задоволат целите на американската надворешна политика. Зошто не ги осудиме сите видови на надворешен интервенционизам - и да одбиеме да им служиме - место да го оправдуваме нашиот интервенционизам?

Што конкретно прави Америка?

Како што објаснив тука, Америка „користи дронови, фрла бомби, убива цивили, помага диктатори, помилува терористи, тероризира граѓани, апси невини луѓе, им се заканува на нивните семејства, го крши меѓународното право, лишува цели народи од нивните основни човекови права...“.

Зошто?

Во случајот на Македонија, го прави тоа за да ги задоволи потребите на Грција и Бугарија кои се заканија дека ќе стават вето на македонскиот прием во НАТО и ЕУ доколку не си го смени името, идентитетот и историјата за да ги задоволи нивните анти-македонски политики на негирање на постоењето и прогонот на големите македонски заедници во нивните земји. Бугарија, сојузник на Хитлер и окупаторска сила во Македонија во Втората Светска Војна, дури врши ревизија на еврејската историја за да ја негира својата улога во депортирањето на 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска.

Сето ова се врши со помош на даноците кои ги плаќаат американските граѓани.

Како можете да се прогласите себеси за „светилник на човековите права“, а да прифаќате (и спроведувате) политики чија цел е да се уништи името и етничкиот идентитет на Македонците со користење на брутални тактики, терор (и вистински терористи помилувани од САД?) Сето тоа само за да се прошири НАТО (и ЕУ) и да се задоволат потребите на искривоколчената американска надворешна политика.

Ова е наративот кој го слуша американската јавност - дека САД мораат да го спасат светот така што ќе го контролираат. Ако не се согласувате со оваа теза, тогаш ве претставуваат дека се симпатизер на „непријателот“. Се во американскиот политички дискурс е претставено како борба на доброто против злото, како да е 100 проценти исправно или 100 проценти погрешно. Не заборавајте дека американските политичари ве убедуваа дека Осама бин Ладен и Садам Хусеин се „добрите момци“. Но не можете да го осудите американскиот интервенционизам без да ве вовлечат во дебата за „другата страна“. За САД, нападот е најдобра одбрана, а и менувањето на темата не е лоша одбрана...

Но не е се „добро против лошо“. Некогаш изборот е меѓу „лошо и лошо“. Во многу случаи, благодарение на американската надворешна политика, нема друг избор освен лошо.

Истата тактика американските политички партии ја користат и меѓу себе, едни против други, па дури и внатре во самата партија. Доколку не сте 100 проценти согласни со нивната политика (која и да е таа), тогаш ќе ве прогласат за непријател.

Излезете од оваа глупава стапица. Немојте слепо да ја слушате својата политичка партија (или фракција). Поддржувајте или спротиставувајте се на политики зависно од нивната вредност. Немојте слепо да ги слушате двете партии кои тврдат дека „шират демократија“. Признајте дека се работи за тиранија. Истите средства кои треба да се користат за да се запре американската политичка граѓанска војна треба да се користат за да се запре американската војна против остатокот од светот.

Бил Николов, претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права