Macedonian Human Rights Movement International
Amerikanskata agencija za bdquostranska pomoshldquo gi finansirashe napadi protiv mene
Op-ed

Американската агенција за „странска помош“ ги финансираше напади против мене


Текст на претседателот на ММДЧП Бил Николов објавен во американското анти-империјалистичко списание Covert Action Magazine (CAM), кое ги разоткрива американските тајни операции низ светот:

https://covertactionmagazine.com/2025/05/29/the-american-foreign-aid-agency-usaid-funded-attacks-against-me/

Американската агенција за „странска помош“ ги финансираше напади против мене

Зошто? Затоа јас сум активист за човекови права и и застанав на пат на американската надворешна политика.

Не се грижете, вашите даночни пари беа добро потрошени.

А вие цело време мислевте дека целта на УСАИД е дистрибуира странска и хуманитарна помош.

Секако, Американците се навикнати да пумпаат пари во американската интервенционистичка воена машинерија, и обично не им пречи што со тоа самите страдаат - и предизвикуваат огромно страдање.

Се разбира дека апологетите на владите на Демократската и Републиканската партија, и на и медиумите, секогаш ги следат наредбите и ја прикриваа вистинската цел на УСАИД - целосно да ги контролира другите држави со финансирање на операции за соборување на нивните влади, инсталирање на диктатори и режими, обемно финансирање на нивните расходи, создавање и финансирање на американски надворешно-политички организации во секоја земја (кои лажно се претставуваат како невладини организации), финансирање на на медиуми под контрола на САД, и користење на овие инструмнети за брутално кршење на човековите права и на секоја форма на непослушност, а со цел да се наметне надворешната политика на САД. Сето тоа се прави рака под рака со воинствената политика на САД, која води до масовни убиства и геноцид во странство.

Повторно, зошто ова се нарекува „американска помош“?

Но, откако Трамп го отфрли и затвори УСАИД, републиканците се однесуваат како никогаш да не ја поддржувале оваа организација, а, како што целосно се очекуваше, демократите ги критикуваат „бездушните, зли нацисти“ кои ја прекинаа наводната „помош“ одземена од наводно „сиромашните“.

Важно е да се напомене дека „сиромашните“ го слават прекинот на финансирањето.

Мисијата на УСАИД требаше да биде хуманитарна, но, и покрај нејзините тврдења дека „се бори против екстремната сиромаштија“ (која честопати намерно е предизвикана од Соединетите Држави), нејзината декларирана цел го истакнува „промовирањето на развојот на отпорни демократски општества“ (израз под кој се подразбира американскиот странски интервенционизам и уништувањето на други држави) и, лошо прикриената вистинска цел: „УСАИД исто така работи за да ги промовира американските интереси во странство преку промовирање на стабилноста, демократијата и економскиот раст во партнерските земји“.

Да, земјите се радуваат на крајот на УСАИД. Но, Американци, не грижете се, вашиот странски интервенционизам нема да заврши.

Иронично (и идиотски), приврзаниците на Демократската партија кои сега повторуваат изрази како „бездушни, зли нацисти“ забораваат дека токму нивната партија е таа што го помагаше и го поттикнуваше (и се уште го поттикнува) израелскиот геноцид врз Палестинците и дека тие ја испровоцираа војната во Украина каде буквално ги вооружуваа нацистите да убиваат Руси во Донбас, за што своевремено пишуваа дури и западните медиуми - додека не им беше дадена наредба да почнат целосно да ја обвинуваат Русија. Погледнете овде, овде и овде.

Се разбира, поддржувањето на нацистите е американска традиција. Прочитајте за поддршката на владата на САД на нацистите во Грција, Бугарија и Албанија во нивната кампања да ги искоренат Македонците (ќе зборуваме повеќе за Македонија за една минута).

И не заборавајте - иако се чини дека Трамп се залага за крај на војната во Украина, тој е целосно подготвен да ги слуша своите ционистички господари и да го продолжи геноцидот и уништувањето на Палестина, и да ја нападне секоја земја (и поединец) кои се противат на овој геноцид.

Во нивните секојдневни животи Американците ги критикуваат корумпираните, нечесни политичари и медиуми - но сепак без проблем им веруваат во најзначајните политички прашања. Значи, паролите за „запирање на руската агресија“ и (ни помалку ни повеќе) „спасување на демократијата“ се мелодраматични, проѕирни лаги - лаги што американската јавност требаше да ја проѕре (но никогаш нема да го стори тоа).

И бидејќи Американците веруваат дека „Израел има право да се брани себеси“ - со бомбардирање болници, масакрирање жени и деца и убивање меѓународни (вистински) хуманитарни работници, а пред сето тоа со убивање, раселување и извршувајќи културолошки геноцид врз Палестинците од создавањето на Израел во 1948 година), нема никаква надеж дека Американците ќе почнат да ја критикуваат политиката на САД наведена погоре.

Покрај добро познатиот американски интервенционизам, воинственост, масовни убиства и геноцид (кои американската јавност се уште е подготвена да ги игнорира), стаховладеењето на Соединетите Држави се протега врз целиот свет.

Помножете го – буквално со секоја земја во светот – случајот со Македонија каде УСАИД ги финансираше нападите против мене и обидите за уништување на мојата земја, и ќе ви стане јасно зошто САД немаат бесплатно здравство, сиромаштијата е надвор од контрола, а нејзината инфраструктура се распаѓа…. затоа што политиката на САД е да ги троши своите пари на предизвикување хаос ширум светот со цел да ја постигне својата надворешна хегемоистичка политика, природно, во полза на Воено индустрискиот Комплекс, за потоа да го обвинува светот дека ја „мразел американската слобода“.

Според тоа, Соединетите продолжија слободно ги користеше УСАИД и американските даночни долари за да ги засили напади врз Македонија, застанувајќи на страната на Грција во нејзините обиди да ги искорени Македонците како етничка група. Американци, можеби треба да барате вашите даночни пари да бидат искористени за подобра цел.

Грција бараше Македонија да си го смени името - и буквално да си ги избрише идентитетот, културата и историјата (тоа е причината за создавање на нелегалниот договор за промена на името, иронично познат како „Договор од Преспа“) - а во замена за тоа, Грција да го укина ветото на кандидатурата за членство на Македонија во НАТО, членство кое ни беше наметнато од САД. Така се зацементира хегемонијата на САД и се спроведоа расистичките политики на Грција. Двојна победа за угнетувачите.

Така САД зграпчија грст долари од огромниот буџет на УСАИД и ја соборија македонската влада, го инсталираа режимот на Зоран Заев во 2016/2017 година и ја поттикнаа присилната промена на името во расистичкото и крајно навредливо „Северна Македонија“, спроведено во услови на брутално сузбивање на неистомислениците и масовни прекршувања на човековите права низ Балканот и поделената Македонија (Македонија беше поделена во 1913 година меѓу Србија [овој дел сега е независната Република Македонија], Бугарија, Грција и, во 1919 година, Албанија). Покрај Грција, и владите на Бугарија и Албанија добија отворена шанса да ги прошират своите програми за искоренување на Македонците.

Како претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, јас гласно и непоколебливо се спротивставувам на антимакедонската политика на САД, што ме прави цел на американската влада. Покрај извршната наредба на Џо Бајден со која ми се забранува влез во Соединетите Држави, САД му наложија на својот режим во Македонија да започне со напади против мене, вклучувајќи ги клеветите од министерот за надворешни работи за време на прес-конференција и телевизиско интервју, и нападите во повеќе медиуми под контрола на САД врз мене полни со клеветнички прилози. Се разбира, ја искористив можноста да ги разоткријам режимот во Македонија и САД, при што го тужев министерот за надворешни работи и медиумите контролирани од САД/режимот.

Повторно се виде дека нападите врз активистите за човекови права како мене се финансираат благодарение на американските даночни обврзници.

На пример, еден од навердените медиуми, 360 Степени, декларир адека е финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД), а пак НЕД е „во голема мера финансиран од Конгресот на САД“. Фактот дека 360 Степени е финансиран и од УСАИД е потврдено од УСАИД и Канцеларијата за отчетност на Владата на САД овде. Како потврда за тимската работа на странските интервенционисти, британската и холандската амбасада исто така ги финансираа 360 Степени, што е потврдено овде.

Како подготовка за присилната промена на името, САД потрошија повеќе од 45 милиони долари од 2012 до 2017 година во Република Македонија, а повеќе од една милијарда долари од независноста на Македонија во 1991 година - што повторно е потврдено во овој извештај на Канцеларијата за отчетност на Владата на САД, која исто така признава дека ова не се сите средства потрошени во Македонија. Може само да се замисли вистинската бројка.

Повторно, даночните обврзници на САД треба да се запрашаат, ако толку пари се трошат на земја од 2 милиони луѓе, колку потрошила (троши?) нивната влада ширум светот?

Сега кога Трамп стави крај на УСАИД (американското масовно трошење на нејзиниот странски интервенционизам ќе продолжи на други начини), поддржувачите на Републиканската партија слават, но само затоа што нивниот лидер им рекол да слават, слично како што поддржувачите на Демократската партија го осудуваат крајот на УСАИД од истата причина.

Моето прашање до американската јавност е: Како толку лесно се согласувате со она што вашата политичка партија ви го кажува да го мислите? Тоа е како психопат, неконтролиран лажго, да ви кажува во што да верувате - а вие не само што му верувате, туку и агресивно се залагате за тоа.

Еве една нова идеја: почнете да размислувате сами за себе. Побарајте траен крај на американскиот странски интервенционизам, ако не поради хуманитарност и интерес за човековите права (што никогаш нема да се случи), туку едноставно од причина што парите на американските даночни обврзници треба да се трошат во САД - со исклучок на вистинска хуманитарна помош.

Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
x.com/billnicholov


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија