Macedonian Human Rights Movement International
Posteri so koi se bara vrakjanje na imeto na Makedonija se shirat kako odgovor na stravot na bilbord kompaniite da ja objavat kampanjata na MMDChP
Соопштение за медиумите

Постери со кои се бара враќање на името на Македонија се шират како одговор на стравот на билборд компаниите да ја објават кампањата на ММДЧП


Кампањата на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права за враќање на името на Македонија предвидуваше објавување на билборди на улиците со кои ќе се разоткриеше одбивањето на македонската Влада да го почитува македонското и меѓународното право. Но, билборд компаниите се уплашија дека ќе трпат последици од страна на Владата ако ја објават нашата кампања. Повеќе за тоа во нашето соопштение.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги слуша наредбите од САД дека не смее да се поништи илегалното менување на името, кое САД ни го наметнаа за да ја поддржат грчката кампања за културолошки геноцид на Македонците. Повеќе информации за принудната промена на името се достапни тука.

Но Македонците не трпат закани и како одговор на неактивноста на билборд компаниите, низ земјата почнаа да се шират постери со кои се бара враќање на македонското име. Кликнете за избор на слики на нашите нови билборди (1,2,3) а уште повеќе дизајни ќе бидат достапни на нашите страници на социјалните мрежи (линковите се подолу).

За да се приклучите на нашата кампања за дистрибуција на овие постери, симнете квалитетна верзија за печатење тука и тука, или контактирајте не за да организираме печатење. Симнете верзија за споделување на интернет тука.

За да донирате за кампањата на ММДЧП за враќање на името на Македонија кликнете тука.

Билбордот:


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија