Macedonian Human Rights Movement International
Macedonian girl calling for the release of her father a political prisoner jailed for opposing the USEU-backed Zaev regime
Op-ed

Нашето име е Македонија. Зошто не апсат кога го користиме?


И покрај апсењата, тепањата и затворањата кои ги врши режимот на Заев - донесен на власт од страна на САД и на ЕУ - Македонците протестираат против принудната промена на нивното име, идентитет и историја и наметнувањето на името „Северномакедонци“ од „Северна Македонија“ кои ни го натураат таканаречените „глобални водачи во ширењето на демократијата и човековите права“.

Да, Македонија се распаѓа поради мешање на странски елементи. Нејзината сувереност, но и постоењето на македонскиот народ, вклучително и на милиони Македонци во соседните држави и низ светот, се доведени во прашање.

Зошто се случува ова? Затоа што САД и Европската Унија проценија дека приоритет за нив е да го зголемат членството во ЕУ и НАТО и ја принудија Република Македонија да прифати промена на нејзиното име, идентитет, етничка припадност и историја - спротивно на сите конвенции за заштита на човековите права и на меѓународното право. Нивната крајна цел беше да ги задоволат барањата на Грција, која се спротиставува на македонското име, и да ја убедат Грција да го крене ветото за приемот на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Секако, на Македонија воопшто не и треба да биде членка во тие организации, но за тоа ќе зборуваме другпат.

Друга членка на НАТО и на ЕУ, Бугарија, го забележа успехот што Грција го имаше во нејзината и западната кампања за вршење културолошки геноцид врз Македонците, и реши и таа да покрене слични барања за да го избрише постоењето на се што е македонско. Ова значи редефинирање на поимот „македонски“ и фалсификување на македонската историја за да се избрише секоја трага од нашето постоење. Бугарија, која ја окупираше Македонија во Втората Светска Војна и беше сојузник на нацистичка Германија, излезе со дрско барање да биде прогласена за обичен „администратор“ и „ослободител“! Да ги прашаме Македонците кои се бореле против нацистите што мислат за ова. Да ги прашаме Французите како би им било ако нацистичка Германија биде прогласена за „ослободител“ на нивната земја. А да, Бугарија воедно бара да се ревидира и еврејската историја и да се прикрие нејзината улога во депортирањето на 7.000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска.

Кој беше изразот што го користи Западот? „Глобални водачи во ширењето на демократијата и човековите права“. Многу. Тоа е типичен македонски израз кога сакаме да укажеме дека нешто е лага. Но тие кои го предводат процесот за бришење на Македонија не сакаат да спомнувам дека нешто е македонско. Сепак, има многу англиски изрази кои би можеле да ги употребиме во овој случај. Одберете го вашиот омилен израз...

Што е тоа што го направи американската угнетувачка коалиција? На пример: За време на веќе озлогласената, незаконска седница на македонското Собрание, осум опозициски пратеници беа затворени во сала од страна на режимот на Зоран Заев додека не ја прифатија наредбата да гласаат за промена на македонското име. Пратеници, а особено жени, беа цел на притисоци, закани, уцени и поткупи. Им се закануваа со затворски казни, на нив и на нивните семејства.

Овие брутални тактики беа одобрени од страна на тогашниот американски амбасадор Џес Бејли, кој беше присутен во македонското Собрание за време на седницата. Самото присуство на странски дипломат во Собранието го крши собранискиот правилник на Македонија (и на други земји). Но Бејли не беше осамен. Поддршка во мешањето во македонските внатрешни прашања му даваа Евро-Комесарот за Источно Соседство и Преговори за Проширување Јоханес Хан, Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Високата Претставничка за Надворешна Политика и Безбедносни Прашања на ЕУ Федерика Могерини, бројни американски секретари за одбрана и надворешни работи - и демократи и републиканци - кои доаѓаа во Македонија за да ги испорачаат нивните отворени закани. Заедничката порака на сите нив беше - „сменете си го името, или...“.

Зошто Грција сака да го смени името на Македонија и да го редефинира идентитетот на македонскот народ? Поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис во 1995 година призна дека Грција го измислила спорот за името з да го негира постоењето на големото македонско малцинство во Грција, и неговото прогонување.

Сега Грција има документ на 19 страници, иронично наречен „Преспански Договор“ (со кој ниту еден Македонец не се согласува) во кој се редефинираат изразите „Македонија“ и „македонски“, а на Грција и се дава право да ја казни Македонија за „злоупотреба“ на било кој израз со кој Македонците се опишуваат себеси.

Дали ова ви изгледа нормално?

Исто така не е нормално да мораш да слушаш како луѓе те опишуваат на меѓународна сцена со најнавредливите можни изрази од минатото (а ние Македонците сме биле изложени на многу такви изрази) и притоа очекуваат да ги прифатиш тие изрази. Македонија постигна голем успех - се квалификуваше за првпат на Европско Првенство, а сепак бевме изложени на крајно навредливи изрази како “Северна Македонија” и “Северномакедонци” од наводно неупатени спортски коментатори и водители. Велам наводно бидејк’и овие луѓе се информирани за тоа што овие изрази значат, а сепак продолжуваат да ги користат, инсистирајќи дека не биле упатени Веројатно најтажната игра на првенството беше да се соберете со друштво и да се напиете по една пијачка секогаш кога ќе викневме “Македонија!” и “Македонци!” да го исправиме коментаторот.

Да продолжиме со оваа абнормална приказна - и да прејдеме на Џо Бајден. Не се грижи Џо, проблемот не е само во тебе туку и во твоите претходници. Но се покажа дека Бајден е волк во овча кожа (додека Доналд Трамп беше волк во волчја кожа) и со тоа е еден од најнегативните ликови во нашата приказна. Конкретно, Бајден неодамна потпиша извршна наредба насочена против сите кои се спротиставуваат на промената на името (наредбата можеби е инспирирана од мене) со која ни се забранува влез во САД и се замрзнува имотот и се забранува трансферот на средства. Неверојатно. Веќе сум на грчката црна листа со самото тоа што сум Македонец, а сега сум и на американската црна листа.

Како што видовме, овие настани за кои зборуваме не се одразуваат само на Македонците во Република Македонија. Регионот Македонија беше поделен во 1913 година (факт кој го признаваат сите наши окупатори) мег’у Србија/Југославија (овој дел е сега независната Република Македонија), Бугарија, Грција и, подоцна, Албанија. Од тогаш Македонците се борат против обидите да бидеме избришани. Иронијата е во тоа што Грција ја забрани употребата на зборот “Македонија” и го негираше неговото постоење се до 1988 година, кога Грците направија драматичен пресврт и почнаа кампања со цел да го излажат светот дека зборот Македонија всушност е “грчки”. Да не заборавиме дека и другите наши угнетувачи ја присвојуваат Македонија. Но наместо да се заглавиме во оваа брутална игра на балкански рулет, би требало да користиме само здрав разум - да кажеме дека Македонија е на Македонците.

Во уште еден неверојатен момент, за време на едно шокантно интервју на македонската телевизија, Зоран Заев дури призна дека бил донесен на власт за да го обезбеди приемот на Македонија во ЕУ и НАТО така што ќе ја принуди земјата да си го смени името. Но Заев не се плаши од последиците бидејќи зад него стојат Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Свесен за поддршката што ја има, Заев применуваше тактики како што е испрак’ање на полициски специјалци да напаѓаат Македонци кои се спротиставуваат на промената на нивното име и идентитет, фалсификува избори, апси македонски дисиденти, брка луѓе од работа од јавниот и од приватниот сектор, затвора медиуми и блокира пристап до социјалните медиуми за граѓаните ќе се осмелат да му се спротистават.

Покрај нивното отворено и безобразно мешање, САД и ЕУ имаат смелост да тврдат дека “руското мешање ја дестабилизира Македонија”. Американската надворешна политика очигледно функционира по принципот - “нападот е најдобрата одбрана”, односно, обвинуваат други за одвратно ниските тактики кои тие самите ги применуваат, и тоа додека ги применуваат. Со тоа, се само по-безобразни и дрски.

Ние Македонците единствено бараме нашите човекови права и правото на само-определување да бидат заштитени. Воопшто не очекувавме дека нашите права ќе бидат нападнати од Западот.

Прашувам повторно - како би се чувствувале во Франција ако им наредат нацистичка Германија да ја нарекуваат “ослободител” на нивната земја? Како би се чувствувале ако изразот “француски” и биде даден на Германија и ако им наредат да го слават своето сопствено уништување? Сум им помогнал на многу политички водачи, дипломати и новинари од други земји да се запознаат со Македонија. Сум ги прашувал директно: дали некој има право да го смени нивното име, идентитет и историја? Па тогаш, кој ви дал право на вас да го менувате моето име?

Потсетник: Во Квебек има добро позната автомобилска табличка со пораката “Je me souviens” (се сеќавам - и никогаш нема да ги заборавам нашата историја, традиција и нашиот идентитет). По промената на името наметната од Западот, од Македонците како да се бара да го користат изразот “J'oublie” - (заборавам) или да се соочат со сериозни последици. Замислете само. И сето ова ни го прават “глобалните водачи во ширењето на демократијата и човековите права”.

Бил Николов, претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права
www.twitter.com/billnicholov