Macedonian Human Rights Movement International
Rally in Toronto protesting Canadas decision to support the forced renaming of Macedonia and Macedonians
Op-ed

Една канадска партија не нападна, другите не оставија на цедило


„Така ве признава канадската Влада“

Не не поставена како тоа што сме, туку како што ни велат да бидеме - врз основа на политички одлуки чија цел е да се задоволат интересите на земји кои сакаат нас да не нема.

Овој цитат е од пратеникот на Либералната Партија Роб Олифант, кој вака реагираше пред група Македонци кои протестираа затоа што Олифант ги користеше крајно навредливите имиња „Северномакедонци“ и „Северна Македонија“ додека говореше на македонски настан во Торонто.

Еве до каде дојдоа работите. Политичари ни кажуваат кои сме и што сме, со цел да ги реализираат интересите на канадската и американската надворешна политика и им се додворат на нашите угнетувачи со цел (тука внесете име на било која канадска политичка партија) да ги добие нивните гласови.

Што се случи со заштитата на човековите права дури и ако тоа значи дека ќе се загубат гласови од групата која ги крши правата на другите групи?

И што се случи со самостојната надворешна политика на Канада?

Да не се лажеме - слично како демократите и републиканците во САД, кои се исти кога се работи за американската надворешна политика (нивниот слоган е „интервенција, интервенција, интервенција“), така и либералите и конзервативците во Канада се едни те исти кога станува збор за канадката надворешна политика - двете партии слепо ги следат Соединетите Држави.

Еве во што се вплетка Канада кога ја следеше, поддржуваше, поздравуваше и помагаше анти-македонската надворешна политика на САД? Вака им ја објаснив ситуацијата на раководствата на некои од канадските политички партии:

Канада помогна да се донесе на власт и да се одржува на власт режимот на Зоран Заев, кој користи тактики како што се: испраќање полиција во напад врз Македонци кои се противат на промена на нивното име, идентитет и историја; фалсификување изборни резултати; затворање на македонски дисиденти; отпушта луѓе од работни места во јавниот и приватниот сектор; затвора медиуми и блокира пристап до социјалните мрежи за оние што ќе се осмелат да му се спротивстават; се заканува и организира заплашување, вклучително и физички напади, на семејства на неистомисленици.

Зошто?

Со цел да се задоволат Грција и Бугарија, кои се заканија дека ќе стават вето на приемот на Македонија во НАТО и ЕУ (кое е непотребно и несакано - но тоа е приказна за уште еден ден), доколку Македонија не си го смени името, идентитетот, историјата - и дефиницијата за тоа што значи да се биде Македонец - за да продолжи спроведувањето на нивната политика за негирање на постоењето и прогонот на големите македонски малцинства во нивните граници. Бугарија, која беше сојузник на Хитлер и окупаторска сила во Македонија за време на Втората светска војна, дури бара ревизија на еврејската историја за да ја негира нејзината улога во депортирањето на 7.000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска. И Канада го поддржува сето ова во име на „евроатлантските интеграции„ (читај „империјализам на сметка на човековите права„).

Иако канадските политички партии се секогаш подготвени да ги осудат другите диктатори низ целиот свет, тие нема да го осудат македонскиот диктатор, бидејќи Канада го поддржа неговото инсталирање на власт.

Ретко се случува да се појави прашање кое целосно ќе обедини и мотивира една група. Но, еве, ние имаме такви прашање. Самото постоење на Македонците како етничка група е доведено во прашање - така да сите ние сме обединети околу нашиот опстанок. И вие би биле да сте на наше место. Македонците дојдоа во Канада за да се засолнат од прогон, а не да бидат подложени на прогон. Но дури и тука, ни кажуваат дека не можеме да го користиме нашето име, да го изразиме нашиот идентитет и да ја одбележуваме нашата историја. Погледнете го неодамнешниот попис на Канада како пример.

Минатите неколку години беа на вонсериски, но веќе со децении Либералната партија зазеде бројни, јавни, анти-македонски позиции со цел да им се додвори на Грците-Канаѓани, додека другите партии молчат и немо го следат бришењето на нашите најосновни човекови права. (Како би ви било ако ви кажат да се откажете од вашето име, идентитет и историја, да се правите среќни за оваа загуба [според американски упатства], а потоа гледате како сторителите се претвораат дека ги бранат човековите права?)

Сепак, сите партии и кандидати (федерални, провинциски и општински) имаат образ да им пријдат на Македонците пред избори и да молат за нашите гласови. Тие знаат дека Македонците-Канаѓани се огромен гласачки блок, особено во пошироката област на Торонто, но што се случува кога ќе побараме една едноставна изјава со која кандидатите го бранат нашето право на постоење? Одговорот секогаш е, "откако ќе ми помогнете да победам„.

Во интерес на времето, нема да ги именувам безбројните политичари ни го кажале ова (тие знаат кои се), но ќе ги прашам следново: Дали ќе ги браните Македонците како што тврдите дека „браните и промовирате демократијата и човековирте права?„ Не, секако дека не, затоа што досега ќе го направевте тоа. Но, дали ќе го направите тоа ако не ви помогне да победите на избори? Сами кажете ми. Од вас зависи дали ќе ги добиете или загубите македонско-канадските гласови, а и следните (и идните) избори.

Гласачи, ова нека биде вашето изборно (и секојдневно) прашање. Сигурно знаете некој Македонец - застанете во поддршка на нашите права. Кога ќе ги слушнете или видите термините „Северномакедонец„ или „Северна Македонија„, каде било, реагирајте и кажете дека овие се највредливи термини за Македонците (а ние секако сме навикнати на многу такви изрази) и барајте да се користат само термините кои ние единствено го користиме за нас - Македонец и Македонија. За време на изборите, кои ќе дојдат наскоро, кажете му на вашиот кандидат дека доколку не даде јасна изјава во одбрана на човековите права и против принудната промена на името, идентитетот и историјата што ни се наметнатнуваат на нас, Македонците - и против шокантната поддршка од Канада за овој процес - нема да го добијат вашиот глас. Застанете во одбрана на вашите сограѓани Канаѓани. Застанете во поддршка на нас како луѓе. Потребно е само да изразите став.

Бил Николов, претседател
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
twitter.com/billnicholov